Македонија
Шилегов: Не постои законски основ за исплаќање плата како што бараат пожарникарите

Градоначалникот Шилегов денеска имаше средба со пожарникарите поради нивните барања за повисоки плати. Тој, меѓу другото, им рече дека овој проблем е стар 15 години и дека е направена работна група и се вршат измени во Законот за пожарникарството.
„Јас не сум човек што бега од проблемите и сакам да ги видам сите луѓе што имаат проблем со начинот на исплата на платата на пожарникарите. Овој проблем е стар повеќе од 15 години, мапиран и лоциран е, направена е работна група, се вршат измени во Законот за пожарникарството, кои треба да стапат во сила во јуни 2021 година, каде што некои од барањата што ги имаат пожарникарите ќе добијат законски основ. Во меѓувреме, секој од пожарникарите, по своите поединечни тужби, ги добива надоместоците, односно Градот им ја врши исплатата. Со цел да помогнеме да се забрза тој процес или да има законски основ да ги исплаќаме, ние нудиме во тој процес да влезе и медијацијата, со цел некаде во јуни 2021 година, кога ќе стапи во сила законот, едноставно до тогаш пожарникарите да не бидат оштетени“, изјави Шилегов по средбата со пожарникарите.
На средбата со пожарникарите градоначалникот Шилегов нагласи дека Градот не е институција што носи закони, но ги има мапирано и лоцирано проблемите и во рамките на Министерство за одбрана, Министерство за финансии, Министерство за локална самоуправа, како и ЗЕЛС, работната група ги работи текстот и законот што треба да стапи во сила во 2021 година. Исто така, тој појасни дека не станува збор за недостиг на волја, туку станува збор за недостиг на законски основ за да може да се исплаќа платата така како што бараат пожарникарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од скопски Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваat дека утре ( среда ) поради дефект на приклучна цевка на бул. Партизански Одреди бр. 59а, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на десната страна на потегот од бул. 8 – ми Септември до Франклин Рузвелт. ( општина Карпош )
Македонија
Од утре промена на работното време на јавните површини наменети за зонско паркирање на ЈП Градски паркинг- Скопје

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје соопшти дека од 1.10.2024 (среда) започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за зонско паркирање со кои стопанисува претпријатието.
Работното време во зоните А, Б, Ц ќе биде:
– Од понеделник до петок: 07:00- 21:00 часот,
– Сабота: од 07:00-14:00 часот.
На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува непроменето, односно:
– Од понеденик до сабота: од 07:00- 23:00 часот.
„Им препорачуваме на сите корисници на нашите услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време“.
Македонија
Алиу: Клиниката за уво, нос и грло со нова медицинска апаратура

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со заменик претседателот на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, Махмут Чевик и амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој, денеска ја посетија Универзитетската клиника за уво, нос и грло каде со поддршка од ТИКА е обезбедена нова медицинска апаратура.
– Клиниката за уво, нос и грло е зајакната со нови електрохируршки инструменти, односно електрокаутери, со коишто се овозможува попрецизна, поефикасна и побезбедна дисекција на ткива и придонесува кон побрзо закрепнување кај пациентите. Ова е значајно за клиниката имајќи предвид дека тука се вршат над 2000 интервенции на годишно ниво. Нашата заложба е унапредување на квалитетот на здравствените услуги на сите нивоа на здравствена заштита, а особено на терциерното ниво каде се третираат најкомплексните случаи, рече Алиу.
Директорот на Универзитетската клиника за уво, нос и грло, Игор Камшикоски упати благодарност до Турската агенција за соработка и координација ТИКА за значајната поддршка во насока на зајакнување на здравствениот систем.