Македонија
Шилегов: Скопјани ќе добијат ослободен јавен простор на кејот 13 Ноември
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, одговарајќи на советничко прашање детално го објасни проектот за уредување на кејот 13 Ноември, на потегот од градскиот плоштад до улицата Стив Наумо“.
![]()
„ Пред неколку денови веќе започнаа градежните активности за реконструкција на кејот 13 Ноември, таму е предвидено целосно преуредување на партерот, во оваа фаза се врши отстранување на терасите од страна на локалите коишто таму беа поставени во минатото. Проектот беше претставен на јавноста, веќе нема да има централни таканаречени тераси во средината, тоа ќе биде целосно еден јавен простор којшто ќе служи на граѓаните како шеталиште. Согласно со програмата што ја носи Општина Центар за поставување урбана опрема, веројатно ќе има зголемување на терасите, односно предните тераси на локалите.
![]()
Исто така, бидејќи станува збор за секундарна сообраќајница, ќе биде сообраќајно решено движењето на возилата по договорот со „Телеком“, кој, за жал, ние го имаме наследено, меѓутоа ќе станува збор за движење на сериозно редуциран број на возила, со ново смарт решение коешто со препознавање на патниците ќе се подигнува рампата, па потоа и втората рампа ќе треба да го препознае возилото за да може да влезе на кејот, и тоа во строго определени часови во текот на денот, од еден до еден и пол час, исклучиво наутро кога одат на работа и попладне кога излегуваат од работа, од 8 до 9 и 30 часот наутро и од 14 до 17 и 30 часот. Тоа ќе бидат ограничен број на возила коишто ќе добијат посебни одобренија и ќе бидат внесени во софтверот за да може да се контролира нивното движење“, изјави Шилегов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено
Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски извести дека градските служби веднаш излегле на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните.
„Се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се нормализира сообраќајот таму каде што имаше застој. Приоритет ни е безбедноста на граѓаните и непреченото функционирање на градот“, рече Ѓорѓиевски.
Тој апелираше до сите на зголемена внимателност додека траат активностите на терен.
Македонија
(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија
Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на основното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, соопшти Центарот за управување со кризи.

Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции.

Силниот ветер направи проблеми и во Скопје. На шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили.
За состојбата се известени СВР Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки во рамки на своите надлежности.
Македонија
Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Нивното истражување покажува дека:
– Само за десет години, бројот на превезени патници со автобусите на ЈСП Скопје е намален за 30 милиони годишно – во 2015 година се возеле по 52 милиони патници годишно, а сега бројот на превезени патници е сведен само на 22 милиони годишно.
– ЈСП располага со вкупно 341 автобус, од кои дневно се исправни 185 автобуси, а во работа се пуштаат само по 157 автобуси дневно.
– Бројот на автобуси на ЈСП Скопје континуирано се намалува во последните десет години. Пред десет години претпријатието имало 316 исправни автобуси, а денеска само 185.
– Со опаѓањето на бројот на автобуси, расте нивната просечна старост која сега изнесува 13,3 години, највисока во последните десет години.
– Доминантен дел од автобусите, односно повеќе од 80 % се од кинеските „Јутонг“ и од украинските „ЛАЗ“. ЈСП има и десет автобуси од марката Санос, стари по 33 години.
– Само 10 % од автобусите на ЈСП имаат највисок еколошки стандард Еуро 6, додека другите се со еколошки стандард Еуро 4 и Еуро 5.

