Македонија
Шилегов: Ќе ги покажам сите документи од кои ќе се види лагата што се креира за мојата семејна куќа
На денешното отворање на реновираниот објект на скопски Бит-пазар, во одговор на новинарско прашање градоначалникот Шилегов се осврна на обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со реновирањето на семејната куќа.
„Кога од позиција на градоначалник на град Скопје за само четири години ќе направите четири булевари, еден мост, кој е речиси завршен, втор мост, кој е почнат, ќе уредите јавни простори за кои никој не помислил дека би можеле да бидат уредени, ќе внесете нов квалитет, ќе изградите 110 километри велосипедски патеки, ќе изградите капацитет како што е ‘Лајка’, со цел стратешки среднорочно да се реши проблемот со кучињата скитници, ќе ја вратите ‘Дрисла’ од еден обид за криминална приватизација во сопственост на Градот, во сопственост на граѓаните, многу е логично опозицијата во предизборието, и тоа го напоменав уште во јуни, да се обидува да ја дефокусира јавноста со проблеми што не се поврзани со претстојните избори, туку се поврзани лично со градоначалникот Шилегов. Јас сум 7 години во политиката, се изнаслушав сѐ и сешто за мене, и тоа е претежно стимулирана црна кампања од опозицијата. По однос на ова прашање, ќе почекам да видам до каде ќе одат со лажењето на скопската и на македонската јавност и ќе направам еден и само еден прес на кој ќе ги извадам сите документи од кои во целост ќе се види лагата што се креира за мојата семејна куќа, што е предмет на реконструкција“, рече Шилегов.
Тој нагласи дека претстојните избори се за граѓаните, избори на кои граѓаните треба да одлучат во каков град сакаат да живеат.
„Ајде да зборуваме за Скопје. Ова не се избори за СДСМ и за ВМРО-ДПМНЕ, ова не се избори за Шилегов или за госпоѓа Данела Арсовска, или за госпоѓа Ана Петровска или за господин Петар Георгиевски. Ова се избори за граѓаните. Ајде да се договараме во натпревар на идеи, политиката е натпревар на идеи, што е тоа што ние како луѓе што претендираме да бидеме градоначалници во наредните четири години сакаме да им го понудиме на скопјани. Да не се занимаваме со црни пропаганди. Мислам дека на сите ни е преку глава од поделби и омраза. Навистина мислам дека граѓаните заслужуваат еден спокоен развој и што повеќе вакви објекти да се отвораат, да ги стимулираме инвеститорите“, додаде градоначалникот Шилегов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ: Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна
Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна, соопшти АХВ.
Со контролите утврдено било дека 14 оператори воопшпто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата.
За утврдените недоследности со контролите, биле издадени 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра.
„Кај 9 оператори со контролите утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај 7 била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај двајца оператори најдена била и храна со непознато потекло. Несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23, вработените немале спроведено задолжитрелен здравствен преглед. Двајца од операторите немале воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса, или не воделе соодветни записи. Кај исто толку оператори не била извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите“, пишува во соопштението на АХВ.
Македонија
СДСМ: Наместо луксуз на власта со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата
Животот во Македонија станува сѐ поскап, работниците едвај врзуваат крај со крај, а власта сѐ луксузира врз грбот на народот, велат од СДСМ.
„Според последните податоци, синдикалната кошничка во февруари достигна 67.400 денари. На едно четиричлено семејство не му се доволни ниту 3 минимални плати месечно за да ги покрие основните потреби. Над 200 илјади работници земаат плата под 30.000 денари. Со сегашното ниско ниво на минимална плата не можат да се покријат трошоците за основни потреби, храната, сметки.. Тешкото секојдневие, високите сметки и поскапувањата ги доведоа работничките семејства на раб. И додека граѓаните се борат за корка леб, премиерот Христијан Мицкоски се луксузира на сметка на народот – со владини авиони, со скапи часовници од 60 илјади евра. Време е да се укине луксузот на власта, а работниците да добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат. Бараме парите што власта ги планираше за нов авион да се пренаменат за минимална плата од 600 евра за сите работници. Нема повеќе оправдувања дека „нема пари“. Имало пари за нов авион, за мебел, за уредување кабинети, за службени автомобили. Нека направат ребаланс на Буџетот и нека ги пренаменат парите за плати. Доста е расфрлање со милиони за авиони – мали или големи – додека народот тоне. Доста е луксуз на грбот на народот“, стои во соопштението на СДСМ.
Македонија
Обвинителство: Забрана за две правни лица од Велешта да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум
Преземајќи истражни дејствија по наредба на Основното јавно обвинителство Струга за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето во селото Шум, истражните органи затекнаа работни машини на две правни лица од Велешта кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, поради сомненија за кривични дела – Незаконита експлоатација на минерални суровини од член 225-а и Загадување на водата за пиење од член 219 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка веднаш достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрани на правните лица да ги посетуваат парцелите каде вршеле ископ и забрана да преземаат какви било работни активности на подрачјето.
Основното јавно обвинителство Струга продолжува да презема дејствија за обезбедување докази и испитување на евентуална кривична одговорност во однос на енормното загадување на изворите во Шум од каде подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење, стои во соопштението.

