Македонија
Шилегов: Ќе обезбедиме компјутери за сите социјално загрозени деца да следат онлајн настава
Во средните училишта низ Скопје се спроведува анкета која ќе покаже колку деца немаат електронски уреди како таблети и компјутери за да следат онлајн настава.
Градоначалникот Петре Шилегов вели дека за што било градот може да нема пари – но средства за обезбедување опрема за учениците ќе најдат.
„Ќе најдеме средства. Многу е важно за што ги трошите јавните пари. Ние во Скопје имаме околу 24 илјади средношколци. Не се сите социјално загрозени. Ете да се 10 проценти. За мене, непоимливо е да не можеме да помогнеме на 2.000 семејства за своите деца да набават доволно квалитетни средства, за детето да ја следи наставата. За што било може да нема пари, за тоа мора да има пари“, рече Шилегов.
Резултатите од анкетата треба да бидат готови во скоро време, бидејќи наставата во училиштата треба да започне на 1 октомври.
„Во моментов се одвива анкетата која се спроведува низ средните училишта, во смисла за утврдување на социјалниот статус на учениците и неможноста да се следи онлајн настава. Откако ќе ја имаме таа анализа, градот ќе изнајде начин како да помогне на тие лица, тие дечиња коишто се од социјално загрозени семејства да дојдат до доволно квалитетна електронска настава“, додаде Шилегов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

