Македонија
Шкријељ до Мизрахи: Целта на изборот на техничкиот министер и на дополнителниот заменик-министер е организација на изборите за пратеници
Кабинетот на дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, реагира на обвинувањата на техничката министерка Рашела Мизрахи, која рече дека нејзината заменичка свесно ја опструирала работата на министерството.
„Министерството за труд и социјална политика е институција којашто овозможува функционирање серизни ресори. Во досегашниот две и полгодишен период никогаш не било доведено во прашање неговото функционирање. Уште еднаш сакаме да ја потсетиме техничката министерка Рашела Мизрахи дека целта на изборот на техничкиот министер и на дополнителниот заменик-министер е организација на изборите за пратеници во Собранието, а не доведување на јавноста во заблуда, ширење клима на страв и исчекување и оневозможување на редовно функционирање на администрацијата.
Законот за Влада е јасен – дополнителниот заменик-министер заедно и рамноправно со министерот учествува во остварувањето на надлежностите на министерството, заедно и рамноправно со министерот ги разгледува и ги потпишува сите акти и документи кои ги донесува министерот или лица овластени од него, заменик-министерот како и државниот секретар во соодветното министерство, а се однесуваат на правните, финансиските и кадровските прашања поврзани со организацијата на изборите.
Ние бараме од техничката министерка да работи согласно законот и да го почитува она што самата го потпишала. Наша обврска е да овозможиме непречено и законитo функционирање на МТСП, со цел граѓаните навремено да ги остварат своите права и навремено да добијат квалитетни социјални услуги“, се вели во реакцијата на кабинетот на Шкријељ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

