Македонија
(Видео) Штерјев: Едногласно е донесена одлука за почнување постапка за разрешување на Јанева
Советот на јавните обвинители на денешната седница едногласно донесе одлука да почне постапка за разрешување на шефицата на СЈО во оставка Катица Јанева, изјави претседателот на ова тело, Коле Штерјев.
„Советот едногласно одлучи да почне постапка за разрешување на Катица Јанева”, рече Штерјев.
Тој посочи дека денеска или најдоцна утре извештајот за Јанева ќе биде испратен до Собранието.
Извештајот за постапката за разрешување на Јанева ќе содржи делови од исказите на пријавувачот и сведоците кои тие ги дале пред обвинителството.
Штерјев рече дека се лимитирани поради истражната постапка да изнесуваат опширни информации во извештајот, но документот до законодавниот дом ќе содржи доволно податоци за пратениците во Собранието да ја имаат на увид фактичката состојба.
Минатата седница траеше речиси осум часа.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја осомничи Јанева дека ја злоупотребила службената положба и овластување и му овозможила на осомничениот Орце Камчев да излезе од притвор и да добие времен пасош во предметот „Империја”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

