Македонија
Шукова најави реализација на проекти за управување со отпад и води и нови иницијативи во заштитата на природата
Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, на денешниот брифинг ги информира претставниците на медиумите за реализираните и за планираните активности во заштитата на животната средина и одговораше на прашања за актуелните теми.
Шукова информира за најголемите инфраструктурни проекти, пред сѐ, за напредокот во воспоставувањето на регионалните системи за управување со отпад, при што Источниот и Североисточниот Регион се во најнапредна фаза и се очекува најбргу што може објавување тендер.
Во делот на водите се осврна на управувањето со речните сливови и реализацијата на 50-те милиони евра заем обезбеден од Европската инвестициска банка распределени во сите општини во државата. Средствата се наменети за подобрување на инфраструктурата за води за собирање и третман на отпадни води, водоснабдување, изградба на филтер-станици, намалување загуби на вода во зависност од приоритетите на општините.
Министерката Шукова информира дека тендерот за изградба на пречистителна станица во Тетово е веќе објавен во декември 2023 година, а во фаза на подготовка е тендерот за изградба на пречистителна станица во Битола. Во однос на изградбата на пречистителната станица во Скопје, Шукова нагласи дека веќе е направена авансна исплата, со што изведувачот може да почне со работа.
Во делот на заштита на природата, како што информира министерката, почната е нова иницијатива за заштита на Јабланица, во тек е процесот на ревалоризација на природните вредности на Маврово, а МЖСПП првпат годинава ќе пристапи кон директно финасирање на сите четири национални парка за да се унапреди нивната работата и да се обезбеди потребната инфраструктура, што ќе им овозможи да работат со екосистемски услуги и сечата на дрва да не биде главен извор на приходи.
Новитет се и размислувањата за прогласување геопаркови во државата и реализирање иницијатива за прогласување геопарк во близина на Демир Капија.
Во делот на заштита на воздухот, Шукова зборуваше да поголемите проекти што продолжуваат со реализација. Особено се осврна на проектот финансиран од ЕУ-фондовите наменет за справување со аерозагадувањето на четири града, Скопје, Битола, Куманово и Тетово, во рамките на кој е планирана замена на системите за затоплување со еколошки системми во 70-ина јавни објекти, набавка на еколошки автобуси за Скопје и зголемување на зелените површини.
Во однос на справување со историските еколошки жешки точки, таа најави дека продолжува работата за отстранување на линданот од ОХИС, а за другите се размислува за преземање заштитни мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.
Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. На околните планини врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Македонија
По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.
-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.
Македонија
Нека е со среќа, нека е аирлија, порача Мицкоски на пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“
Во Тетово денеска беше пуштена во употреба реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ .
На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски кој изрази задоволство што за само неколку месеци со, како што рече, силна и посветена работа, е завршена реконструкцијата на гимназијата.

– Тоа што тогаш можеби делуваше невозможно, денеска е возможно, реално. Сакам да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците од Општина Тетово коишто го поддржаа овој проект, да се заблагодарам на Министерството за образование, на сите оние коишто се добронамерници за Тетово и тетовци и што изминатиов период се дел, би рекол, од многуте проекти коишто се реализираат во Општина Тетово, изјави Мицкоски.
На учениците и на наставниците од училиштето тој им посака успеси во работата односно во учењето и, рече, „уште многу успешни тетовчани да произлезат од клупите на ова училиште“.

– Нека е со среќа, нека е аирлија и да ни се множат уште многу вакви успешни проекти, додаде премиерот.

