Македонија
Ѓорчев: Пратениците од СДСМ и Царовска го блокираат покачувањето на пензиите
Пратениците на СДСМ и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, не присуствуваа на седницата на Комисијата за труд и социјална политика. Имаме кочење на зголемувањето на пензиите за пензионерите. Ова го изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, на прес-конференција.
„Утрово видовме како Мила Царовска, пратениците на СДСМ и СДСМ како партија го блокираат зголемувањето на пензиите за пензионерите. Ова утро Комисијата за труд и социјална политика имаше закажано во 10.30 часот. Ниту еден пратеник од СДСМ не беше присутен. Дури во 11 часот една пратеничка на СДСМ дојде и рече – ајде да почнуваме со работа. Како да почнеме со работа кога немаме кворум, како да почнеме со работа кога ниту еден пратеник на СДСМ не беше присутен, како да почнеме со работа кога го блокираат зголемувањето на пензиите со доставени 200 закони во овие две недели“, рече Ѓорчев.
Тој додаде дека изминативе три години СДСМ има предложено 300 измени на закони.
„Во две недели 200 закони ќе менуваат. Ако претходно сме имале 100 закони годишно, сега имаме 100 закони неделно“, нагласи Ѓорчев.
Тој ги повика Мила Царовска и пратениците на СДСМ да не го блокираат зголемувањето на пензиите бидејќи, како што рече, се работи за важно зголемување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

