Македонија
(Видео) Ѓорчев: Срамно е вицепремиерите да си ја зголемат платата на грбот на граѓаните

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, од собраниска говорница побара да се повлече, како што рече, срамниот закон, со кој се предвидува да им се зголеми платата на вицепремиерите Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев, Хазби Лика и на Бујар Османи. Тој ги повика пратениците да се откажат од неадекватното зголемување на платите.
„Веднаш повлечете ги овие точки од дневен ред за зголемување на платата на функционерите
и вториот закон со кој се предвидува да се стави заменик-директор на Агенција за
поттикнување и развој на земјоделството. Срамно е ова што го правите. Малку ви се плати од 70.000 денари, па сега барате уште 8.000 денари. Срамно е и со заменик-директорите што ќе се плаќаат од грбот на народот“, рече Ѓорчев.
Точките остануваат на дневен ред бидејќи пратениците не го изгласаа предлогот на Ѓорчев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.