Македонија
Ѓорчев: Стануваме земја без народ, стануваме пуста држава, мора да направиме пресврт
Владимир Ѓорчев, претеникот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Македонија мора да биде земја во која што ќе живеат млади луѓе, во која ќе основаат семејства, во која ќе имаат работа, надеж, оптимизам, во која ќе имаат желба да останат.
„Оваа 2023 година имаме најмалку родени бебиња во историјата на Македонија. Никогаш помалце бебиња. Имаме само 16.000 родени бебиња, а во 2016 бројката беше 23.000 бебиња. Тоа значи дека имаме рецесија на животот, демографска рецесија од фрапантни 30%, 7.000 бебиња помалце. Тоа се 350 паралелки помалце во училиштата низ цела Македонија. И затоа, заради овие страшни бројки, заради овие ужасни, ужасни бројки на исчезнувањето кое што го гледаме, на иселувањето кое што е секојдневно, на неправдите, катастрофата, на фијаското на Владата на Димитар Ковачевски и Стево Пендаровски, тие политики мора да бидат поразени“, појаснува Ѓорчев.
Според него, Македонија мора да отвори нова страница и нови перспективи, за тоа што стануваме земја без народ, стануваме пуста држава.
„Мора, мора да направиме пресврт“, додава тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Подрачјето на Велес ќе биде зафатено од поројни врнежи, грмежи и засилен ветер
ЦУК информира, според известувањето на УХМР, дека подрачјето на Велес ќе биде зафатено од пообилни поројни врнежи со грмежи и засилен ветер.
Правец на движење на оваа нестабилна маса се предвидув дека е кон исток и североисток, додаваат од ЦУК.
Македонија
Министерството за животна средина отстапи движни ствари на повеќе општини, за потребите на училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата
Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, донесе одлука со којашто движни ствари во сопственост на министертството, се даваат на трајно на повеќе општини во државата, за потребите на повеќе основни училишта и тоа во Гевгелија, Неготино, Валандово, Битола, Прилеп, Тетово, Куманово, Пробиштип, Ранковце, Велес, како и на училишта во скопските општини: Центар и Карпош.
Целта е спроведување на ГЛОБЕ програмата во Република Северна Македонија, а Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е посочено, е носител на активностите на ГЛОБЕ програмата и со владина одлука е задолжено да обезбеди хемикалии и инструменти за вршење на мерењата и да ги пренесе на користење на вклучените училишта во програмата.
Станува збор за движни ствари што ќе им бидат од полза на училиштата во спроведувањето на проектот, а коишто, по пат на јавна набавка ги обезбедило ресорното министерство.
Македонија
Одлука за учество на Армијата во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за определување на бројот на кандидати кои се запишуваат на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 година, чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија.
Со одлуката е определено, во студиската учебна 2024/2025 година да се запишат 44-ца студенти/питомци како редовни студенти, од кои 25-мина студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија; како и тројца студенти/питомци за потребите на Војската на Црна Гора; шестмина студенти/питомци за потребите на вооружените сили на Босна и Херцеговина; петмина студенти за потребите на управување со кризи и петмина студенти за потребите на заштита и спасување.
Согласно Законот за Воената академија, како што е образложено од ресорното министерство, на Академијата можат да студираат и припадници на вооружените сили на странски држави и странски државјани.
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе и Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово.