Македонија
Ѓорче Петров контра Арсовска: Никогаш нелегално не сме депонирале отпад
Општината Ѓорче Петров тврди дека изнесените наводи на градоначалничката Данела Арсовска се промашени и дека никогаш нелегално не депонирале отпад кај реката Лепенец, ниту создавале диви депонии, туку, напротив, го чистеле ѓубрето.
Од тука велат дека градоначалничката Арсовска може да провери во пунктот на Јавното претпријатие „Комунална хигена“ во Карпош, каде што јасно ќе види дека општинските служби таму го одлагале кабастиот отпад.
Во реакцијата на Општината се додава дека катастрофалното работење на јавните претпријатија, нехигиената и неуредените зелени површини Арсовска нема да ги покрие со политички мотивирани прес-конференции.
На Арсовска ѝ порачаа, наместо да кажува ловечки приказни, да се погрижи за проблемите на градот, односно булеварите, воздухот, како и чекањето повеќе часови автобуски превоз, кој во согласност со нејзините заложби треба да биде бесплатен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

