Македонија
Ѓорѓиевски: Доста беше толеранција, поднесена прекршочна пријава за ЈП ,,Комунална хигиена ” – Скопје
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информира дека е поднесена прекршочна пријава до ЈП ,,Комунална хигиена“ поради тоа што отпадот не се собира, се содаваат депонии и во услови на високи летни температури се доведуваат во прашање здравјето и безбедноста на граѓаните. Најави дека за толеранцијата за несовесното работење на ЈП ,,Комунална хигиена“ и градоначалничката на Скопје, кои се грижат за хигиената во главниот град, е дојден крајот и дека секое непостапување ќе значи нова прекршочна пријава.
„Скопје со недели изгледа голема депонија и се дави во отпад! Ова се влошува со високите температури, односно од отпадот што не се собира редовно се шири неподнослива миризба во секоја општина. Кисела Вода не е исклучок, кај нас сликата се полни контејнери и страшна миризба.
Ова е резултатот на несовесното работење на ЈП ,,Комунална хигиена“ и градоначалничката на Скопје, кои се грижат за хигиената во главниот град!
Досега неколкупати алармирав до градските институции, со дописи, телефонски, но очигледно нашите реакции како Општина и оние на граѓаните на Кисела Вода не успеаја за поголема активност од страна на ЈП ,,Комунална хигиена“, а што сите граѓани на Скопје го плаќаме.
Бевте сведоци кога како градоначалници лани се обидовме да со собереме сметот што со недели стоеше на улиците, нема да дозволиме да се случи ова повторно.
Бидејќи во нормална комуникација немаме никаква реакција, во текот на изминатите денови испративме комунален инспектор да ја провери состојбата на терен.
Увидовме дека ситуацијата е катастрофалната и поради тоа понесовме прекршочна пријава до „Комунална хигиена“ и ова ќе биде наша пракса и следните денови ако состојбата не се подобри“, вели Ѓеорѓиевски.
Најавува дека секое непостапување ќе значи нова прекршочна пријава.
„Граѓаните се на прво место, Скопје мора да биде повторно горд град“ ,изјави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

