Македонија
Ѓорѓиевски: КУД ,,Китка” е наша гордост и чувар на македонскиот идентитет!
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/3-4.jpg)
Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, синоќа присуствуваше на одбележувањето на 54 годишнината од постоењето на КУД ,,Китка” од Драчево.
Во своето обраќање до присутните тој се заблагодари за поканата на овој важен настан, за се што прават во насока на зачувување на нашата вековна традиција преку македонските песни и ора.
Како што рече, ова културно друштво е вистински чувар на македонскиот идентитет.
„Со голема чест и задоволство присуствуваме на уште еден од големите концерти на ансамблот “Китка”. Во предвечерието на нивната јубилејна 55-та година, вечерашниот настап на амбасадорите на македонскиот фолклор кои се препознатлив белег и симбол на Драчево и Драчевци, а со тоа и на целата Општина Кисела Вода, повторно ќе не врати во минатото, кај нашите предци и нивните обичаи, ќе испише уште една страница во фолклорниот историски учебник за Македонците од овој дел на градот“, рече Ѓорѓиевски.
„Секој успех што го запишал ансамблот “Китка”, секоја освоена награда, посебно оние надвор од границите на Македонија за нас се огромна гордост и уште една потврда дека квалитетот и уникатноста се нешто по што сме препознатливи. И затоа, и вечерва нема да ги штедиме аплаузите за новата визуелизација на македонскиот бит која ќе ја донесат, како и секогаш, во полн сјај“, додаде тој.
„Пред да им ја отстапам сцената на овие наши уметници, сакам да им се заблагодарам за сето она што го прават за Драчево, за Кисела Вода, за Македонија и македонскиот народ. Нивното гласно говорење преку автентичниот ритам, преку песната, преку орото и носијата мора да продолжат и понатаму за што ќе ја имаат подршката од Општина Кисела Вода и од мене како градоначалник!
Успехот и понатаму нека биде ваш потпис, а афирмацијата на македонскиот фолклор и традиција – ваша обврска! – додаде Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Прекршувањето на Договорот од Преспа ќе ја доведе до егзистенцијален предизвик иднината на Северна Македонија, велат Заев и Ципрас
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/zaev-cipras-dogovor-prespa-grcija.jpg)
Поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во нивната заедничка колумна на сајтот „Еуроактив“ велат дека Преспанскиот договор ѝ даде нов моментум на европската перспектива на Западен Балкан, ја обнови улогата на ЕУ во регионот и ја нагласи важноста на трансатлантската соработка во промовирањето на мирот и стабилноста. Шест години подоцна, додаваат тие, моментумот на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е загрозен и губи на сила, додека пристапниот процес на Македонија прво беше блокиран од Франција, а сега од Бугарија.
„ЕУ и меѓународната заедница мора јасно да стават до знаење дека почитувањето на договорот е единствениот пат за понатамошна демократска интеграција, до европскиот пристап и претпристапната поддршка“, напишаа тие, предупредувајќи дека секое прекршување на договорот ќе доведе до „ егзистенцијален предизвик не само за европската иднина на Северна Македонија, туку и за нејзината иднина во целина.
Според нив, ако овој услов е целосно испочитуван, ЕУ мора да заземе проактивен, етапиран пристап кон проширувањето, како што е предложено од многумина европски претставници и експерти.
„Мора да им биде јасно на сите земји во регионот дека мирното решавање на разликите има придобивки за луѓето на Балканот и нивното раководство. Тие жртви се наградени, а не цинично занемарени“, потенцираат тие во колумната.
„Додека екстремната десница добива сила, демократските, умерените и прогресивните лидери мора да соработуваат и да ги удвојат своите напори да се спротивстават на национализмот и националното повлекување. Самото нагласување на придобивките од европското единство не е доволно. Единствениот начин да се застане цврсто на европските вредности во денешниот свет е да се биде проактивен во донесувањето одлуки, за кои сите знаеме дека се неопходни, и покрај нивната политичка цена“, додаваат Заев и Ципрас.
Според написите во грчките медиуми, кои се осврнуваат на колумната, Договорот од Преспа, потпишан во јуни 2018 година, го реши 25-годишниот спор за името меѓу Грција и Северна Македонија.
Македонија
Левица: ДПМНЕ институционално го подреди трудот на работниците под економските и бизнис интересите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/apasiev-mickoski.jpg)
Законските измени спроведени на иницијатива на ДПМНЕ и Мицкоски, преку кои трудот се распределува под Министерството за економија, овозможува супер масија на бизнис – интересите врз интересите на работниот народ, реагираат од Левица.
Ова решение, како што оценуваат, дополнително ќе ја зголеми експлоатацијата на работниците, која ќе биде насочена во насока на триплирање на профитите на домашните, а пред сè, на странските сопственици на капитал во земјава.
„Со реструктуирањето на министерствата, трудот се вади од Министерството за труд и социјална политика, каде го имаше својот примат во насока на заштита на интересите на работниците и се преместува во Министерството за економија, каде трудот и институционално се подредува на економските, односно бизнис – интересите на олигархијата.
Ставањето под иста капа на овие две спротивставени класи, од една страна – трудот и од друга страна – капиталот, карактеристична за десничарските партии, Левица ја поима, единствено, како оддолжување на ДПМНЕ кон капитал – сопствениците, кои ја спонзорираа нивната партија на грбот на работниците“, се истакнува во соопштениетот од оваа партија.
Со овој потег, потенцираат од Левица, коалицијата на Мицкоски социјалниот дијалог, исклучително, го насочува во корист на капитал – сопствениците.
Македонија
Пронајдено, исчезнатото 19-годишно момче во Битола
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/MVR-policija.jpg)
Вчера имаше потрага по исчезнато лице во Општина Битола, соопшти ЦУК.
Регионалниот ЦУК Битола, информираше дека лице на 19 години од Горно Оризари е пријавено за исчезнато од страна на неговите родители во СВР Битола во 20:30 часот.
Пред полноќ акцијата успешно завршила.
Во 23:50 часот од полицајците на МВР, СВР Битола изгубеното лице е пронајдено.