Македонија
Ѓорѓија Сајкоски избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, по предлог на претседателот Христијан Мицкоски, денеска го изгласал Ѓорѓија Сајкоски за нов генерален секретар на партијата.
Ѓорѓија Сајкоски е роден во Кичево и е доктор на историски науки. Сајкоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во сегашниот состав на Собранието.
„Во минатото Сајкоски има извршувано повеќе функции, и тоа претседател на Совет на Општина Кичево 2009-2013, заменик-министер во Министерство за локална самоуправа, директор на ЈП „Студенчица“. Сајкоски има извршувано и повеќе партиски функции“, се наведува во партиското соопштение.
Во него се додава дека членовите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го избрале и му дале поддршка на Сајкоски бидејќи веруваат дека тој одговорно ќе ја врши функцијата генерален секретар и ќе ги застапува конкретните политики на партијата.
До неодамна функцијата генерален секретар во ВМРО-ДПМНЕ ја извршуваше Игор Јанушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Сопиште, Студеничани и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од селото Света Петка (општина Сопиште);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од селото Маркова Сушица (општина Студеничани);
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од улиците 100,21,23,83 (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез во државата е околу 30-45 минути, на ГП Богородица за излез е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска и утре поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.