Македонија
Ѓуровски: Преку реформи на безбедносниот систем до балансиран безбедносен сектор
Проректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ проф. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност е учесник и говорник на Меѓународната конференција „Преспа форум за дијалог 2021 година“, што се одржува во хотел „Метропол“.
Професорот Ѓуровски како говорник учествува во панелот посветена на Резолуцијата 1325 на Обединетите нации за унапредување на агендата за мир, жени и безбедност каде што зборуваше заедно со меѓународни претставници од Обединетите нации, министри во владите на Северна Македонија, Србија, Албанија, Косово, и реномирани претставници од академските, деловните и медиумските заедници, граѓанското општество, младинските организации во регионот и пошироко.

Инклузивните пристапи кон реформите во безбедносниот сектор, смета професорот Ѓуровски, бараат: потреба од создавање еднакви можности во рамките на безбедносните служби на сите нивоа што овозможуваат еднакви можности за вработување, задржување и развој на кариера кај мажите и жените. Преку реформите на безбедносниот систем може да придонесе за посилен и родово балансиран безбедносен сектор. Институционални промени се потребни за да се надминат бариерите за учеството на жените во безбедносниот систем. Треба професионалните стандарди и вредности да се интегрираат и интернат во постојните структури. Преку национални искуства и примери можат да се споделат за родовите перспективи. Воведување на национални механизми постојат за вработување и распоредување на жени во структурите на безбедносниот систем и како претставници во меѓународни мисии за управување со кризи.
Покрај тоа, Ѓуровски ја истакна потребата за промовирање и развој на ангажирање жени во полицијата, армијата, судски, обвинителски и институции за спроведување на законот, како и во парламентарниот надзор на безбедносниот систем.
Бидејќи безбедносните потреби и искуствата на мажите и жените се разликуваат, националните безбедносни систем можат да бидат ефективни само преку активно учество на жени и мажи.
Воедно, според професорот Ѓуровски, треба да се надградат и да се прошири дискусијата за институционалните промени потребни за да се обезбеди посигурен балансиран и родово одговорен безбедносен систем, како предуслов за зголемување на учеството на жените во меѓународните мисии за управување со кризи и родовата одговорност од овие мисии.
Важен сегмент, смета Ѓуровски, е создавањето на организациска култура која се заснова на родовата еднаквост. Меѓу важните проекти на кои треба да се посвети посебно внимание е родово одговорното буџетирање на Националните акциски планови и нивно спроведување со мерливи индикатори и јасни цели. Покрај тоа треба да се додадат во предметните и студиските програми едукативните институции за безбедност и одбрана со содржини на тема Резолуцијата 1325 и другите резолуции од жени, мир и безбедност, во наставната програма на едукативните институции за безбедност и одбрана.
Во своето обраќање на Преспа форумот, проректорот Ѓуровски нагласи дека треба уште многу да се работи за да може родовата еднаквост во нашето секојдневие да стане видлива.
„Потребни се повеќе жени во безбедносниот систем. За тоа да се случи треба да направиме сè да се чувствуваат добредојдени, а не како исклучок од правилото. Треба уште повеќе да се работи на поголема застапеноста на родовите перспективи во јавните политики, вклучително во политиките за национална безбедност и подобрување и унапредување на законската регулатива во насока на надминување на проблемите со кои се соочуваат жените, но и мажите во Република Северна Македонија, не само на своите работни места туку и во секоја сфера каде што се забележани појави на дискриминација. Исто паралелно треба да се работи на кршење на родовите стереотипи, кое ќе придонесе за одржливи позитивни промени“, оценува Ѓуровски.
Во поголем дел полициите и армиите се доминантно машки средини, строго хиерархиски поставени, средина во која дискриминацијата и сексуалното и друго вознемирување на работното место полесно се случува и потешко се адресира.
Затоа, според професорот Марјан Ѓуровски, потребно е да создаваме сериозен систем за пријавување на вознемирувањето и дискриминацијата, преку канали каде што тоа ќе може да се пријави без страв.
„Оној кој така се однесува треба да одговара. Не смее да дозволите таквите појави да бидат само статистички бројки, но и жените жртви треба да се охрабрат, да бидат гласни да зборуваат“, порача Ѓуровски.
Мора да имаме нулта толеранција за акви било појави на која било форма сексизам под чие влијание ни се осакатува безбедносниот систем, полицијата, Армијата, администрацијата и ни се губат најквалитетните кадри, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова прими претставници на „Стоп за Усје“
Претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, прими претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, кои ги образложија нивните ставови врзани за влијанието на цементарницата Усје врз квалитетот на воздухот и здравјето на луѓето.
Истакнувајќи ги своите барања, тие укажаа на потребата од воспоставување мерни станици со 24/7 мерење на загадувачките супстанци, целосна транспарентност на добиените податоци, како и усогласување со препораките на Светската здравствена организација за граничните вредности на ПМ10 честичките.
Претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ споделија компаративни примери од други држави каде што пропишаните параметри се пониски од македонските.
Според нив, наместо да се ангажираат приватни акредитирани лаборатории за независни мерења, треба час поскоро да се забрза процесот на акредитација на државната лабораторија.
За нив, неопходна е поголема институционална поддршка и очекуваат надлежните, доследно, транспарентно и неодложно да ги извршуваат законските обврски во интерес на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните.
Претседателката, пред сè како граѓанка, ја сподели загриженоста за загадувањето на воздухот, почвата и водите, како едно од најгорливите прашања.
Сиљановска-Давкова ги сослуша аргументите и истакна дека со внимание ги следи нивните активности насочени кон поздрава и побезбедна животна средина, како врвен национален приоритет.
Таа потсети дека не случајно го именувала за член на Советот за безбедност, професор и научник од областа на метеорологијата и климатските промени, д-р Спиридонов.
Соговорниците се согласија дека животната средина е заедничка одговорност и стратешка определба, оти е неопходен континуиран дијалог меѓу граѓанските организации, институциите и стопанските субјекти заради креирање одржливи и долгорочни решенија, како и дека Собранието треба, согласно Деловникот, да ги отвори портите за нив во расправата за законите од областа на животната средина и вршењето на надзорната функција.
Македонија
Советот на Општина Центар не ја изгласа одлуката за техничка исправка на ДУП за дел од локалитетот Буњаковец 1
Советот на Општина Центар на денешната седница не ја изгласа одлуката за техничка исправка на Деталниот урбанистички план за дел од локалитет Буњаковец 1, конкретно за ГП 13.1 и ГП 13.11, со локација кај поранешната печатница „Нова Македонија“.
Сите 23 советници гласаа против донесувањето на предлог-одлуката.
,,Ние, како администрација, имаме обврска точката да ја ставиме на дневен ред и воедно да ги посочиме сите импликации. Советниците се тие што гласаат и ја носат одговорноста. Нема потреба од прозивки, медиумски пи-ар и театар. Овде станува збор за буџетот на граѓаните, а не за партиски интереси. Советот мора да носи одлуки во интерес на граѓаните, а не за дневнополитички калкулации“, рече градоначалникот на Општина Центар. Горан Герасимовски
Претходно, Комисијата за урбанизам на Општина Центар даде позитивно мислење за предлог-одлуката.
Од оптината појаснуваат дека согласно законот за техничка грешка, исправката во донесен урбанистички план не подразбира никакви измени во планирањето или параметрите на планот туку станува збор исклучиво за корекција на грешка во техничкиот дел на исцртување на планот. Во конкретниот случај, како што додаваат, градежната парцела во мал дел не била целосно затворена, односно оформена.
Македонија
Мицевски се сретна со францускиот амбасадор: Фокус на борбата против корупцијата и реформите
Денес во Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, оствари средба со амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер и првиот советник Филип Маршето.
Во фокусот на средбата беа заложбите на владејачкото мнозинство за бескомпромисна борба против корупцијата и остварување на видлив економски развој за граѓаните и земјата. Дополнително, координаторот Мицевски ја истакна подготвеноста на Собранието и понатаму да биде силен двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди.
Во разговорот се нагласи дека заедно со нашите европските пријатели чекориме кон градење на просперитетна и сигурна европска иднина за сите.

