Македонија
Јавната установа за урбанизам ,,Кензо Танге” ќе работи на просторно и урбанистичко планирање во Град Скопје
Советот на Град Скопје на денешната седница донесе одлука за основање јавна установа за урбанизам на Град Скопје – „Кензо Танге“.
Целта на основањето на јавната установа за урбанизам, како што велат од Градот, е подигање на стандардите и квалитетот на вршењето на работите од урбанистичкото планирање, како и обезбедување на оптималните услови за вршење на дејноста уредени со Законот за урбанистичкото планирање, а истовремено ќе се елиминираат постапките на надворешни јавни набавки и тендери за проектирање на објекти на Град Скопје.
„Јавната установа за урбанизам, покрај дефинираните надлежности во согласност со националната класификација на дејности, ќе учествува во изработката и донесувањето на Генералниот урбанистички план на Град Скопје, спроведување и следење на спроведувањето, ќе изработува урбанистички планови и урбанистички проекти и ќе учествува во нивното донесување, спроведување и следење на спроведувањето, изработка стручна ревизија на урбанистички планови и урбанистички проекти во согласност со условите за вршење ревизија пропишани со законот, ќе изработува проектно-техничка документација за инфраструктурни и супраструктурни објекти, како и надзор над нивната имплементација, ќе изработува студии, експертски елаборати и програми поврзани со планирањето и уредувањето и просторниот развој на градот.
Воедно врши одржување и ажурирање на базата на просторни податоци за своето подрачје, следење и анализа на спроведувањето на урбанистичките планови, изработка на извештај за состојбите во просторот, изработка на основни и сообраќајни проекти, учество во создавање на оценката за просторниот развој и учество во создавање на програмата за донесување урбанистички планови“, соопштија од Град Скопје.
Покрај ова, оваа установа ќе остварува соработка со надлежните институции за планирање на просторот при изработувањето просторни планови од нејзина надлежност.
Јавната установа се организира на начин што ќе овозможи Град Скопје да обезбеди услови и стратешки поголемо влијание за рамномерен просторен развој на градот, рационално уредување и користење на просторот и услови за хумано живеење и работа на граѓаните, одржлив развој, заштита и унапредување на животната средина и природата, заштита на културните и историските вредности, јавност во постапката за донесување и спроведување на плановите, усогласеност со нормативите и стандардите за просторно и урбанистичко планирање, при што и работењето на јавната установа ќе се заснова на принципите на стручност, професионалност, транспарентност и одговорност во работењето и постигнатите резултати, додаваат од Градот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.