Македонија
Јадранка Косор меѓу присутните на мисата на папата

Поранешната хрватска премиерка, Јадранка Косор, присуствуваше на мисата на папата Франциско на плоштадот Македонија во Скопје. Таа седеше во делот наменет за премиерот Зоран Заев и владината делегација.
Во Скопје со автобуси пристигнаа околу илјада верници од Хрватска, организирани од Католичката црква, за да присуствуваат на мисата на папата.
Јадранка Косор беше премиерка на Хрватска од 2009 до 2011 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Општина Центар

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска (Вторник), поради изведување на водоводен приклучок од ф-80 мм на ул. Никола Тримпаре бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Никола Тримпаре, Дебарца и Борка Талевски.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(Општина Центар)
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска, променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град.
Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно и нестабилно време со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.
До петок ќе дува умерен до засилен јужен ветер и температурите ќе бидат без поголема промена, а од сабота со засилен северен ветер ќе бидат во опаѓање.
Македонија
На многумина ќе им бидеме пречка, но како премиер нема да отстапам од правото да говориме на македонски, јазикот е нашиот неспорен идентитет, вели Мицкоски

Пред осумдесет години, на оваа почва, се кодифицираше македонскиот литературен јазик. Тоа беше повеќе од административен чин. Тоа беше признавање на една длабока, искрена, долга и тешка борба на еден народ за свое име, свој израз и своја самобитност. Оваа кодификација не произлезе преку ноќ. Таа беше плод на децении работа и истрајност на големи луѓе и на генерации интелектуалци, учители, поети, новинари, читатели. Секој од нив вложи збор, мисла, срце, истакна премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.
Македонскиот јазик, кажа Мицкоски, живее во мислата на секој Македонец каде и да е.
„Во 21 век судбината на малите народи е постојано да се потврдуваат, борат и држат до своето право на идентитетско обележување. Најмоќните пропаганди се тие кои удираат по идентитетските обележја. И неретко ние како нација сме ги имале таквите удари, а болката е поголема кога тие доаѓаат од домашните луѓе кои ваму или таму, поради разноразни лични или лукративни интереси ќе оспорат или невнимателно ќе внесат сомнеж кон некоја историска вистина која нас не потврдува како народ и нација. Јазикот е нашиот бедем и неспорен идентитет, и јас како премиер нема да отстапам од нашето цивилизациско право да говориме на македонски, да се претставувам на македонски, да се радуваме, тагуваме и да пееме на нашиот многувековен, ќе повторам многувековен македонски јазик. Тоа го правеле нашите дедовци, тоа ќе го прават и нашите деца. Затоа на многумина ќе им засметаме, на неколкумина ќе им бидеме пречка, но секогаш знам дека работам за моите граѓани и нашата заедничка татковина“.
Владата, како што рече, ќе продолжи да инвестира во македонскиот јазик, преку образовни реформи, дигитални проекти, речници и стандардизација.