Македонија
Јамалов: Буџетот за 2025 година е развоен со највисоко ниво на капитални инвестиции
Денес во Собранието на амандманската расправа за предлог буџетот за 2025 година во Комисијата за финансирање и буџет се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов кој што посочи дека овој буџет за 2025 година е развоен и со највисоко ниво на капитални инвестиции.
„Овој буџет е развоен со највисоко ниво на капитални инвестиции. 50,5 милијарди денари или 5% од Бруто домашниот производ, овие инвестиции ќе бидат насочени кон проекти кои ќе бидат долгорочен економски и социјален импакт“, рече Јамалов.
Тој посочи дека со ребалансот на буџетот Владата предвидела 100 милиони евра за директна помош на локалната самоуправа и јавно ги повика сите општини повторно да аплицираат за финансиска поддршка.
„Со ребалансот предвидовме 100 милиони евра директна помош на локалната самоуправа. Аплицираа општините сите и сите добија одредени средства според методологија за веќе готови проекти. Јас лично ги повикувам сите градоначалници и нивната администрација да бидат спремни за наредните 250 милиони евра, кои се од локално значење, да бидат подготвени со проекти да аплицираат на наредниот повик кој е предвиден со овој предлог буџет за 2025 година“, истакна Јамалов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

