Македонија
Јанакиески до Латас: Направивме многу голем притисок во Центар
Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во разговор со Драган Павловиќ – Латас на 24 март 2013, на денот на локалните избори, кој денеска беше пуштен во судницата на судењето за изборни нерегуларности познат како „Титаник“, вели дека во општина Центар направиле многу голем притисок и очекува победа со оглед на излезноста.
„Направивме многу голем притисок, има одлична излезеност до два саат. Е сега, ако од 5 почне да паѓа излезеноста, победуваме“, му вели Јанакиески на новинарот Драган Павловиќ – Латас.
На ова уредникот му одговара дека не е баш сигурен за крајниот резултат со оглед на излезноста. Потоа тој ја споредува излезеноста во Центар со останатите избори каде констатира дека никогаш во оваа општина немало голема излезност кога ВМРО-ДПМНЕ победувала.
Во случајот „Титаник“ обвинети се 21 лице, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До 18 и 30 часот гласале 45,71 отсто од гласачите, во Скопје излезноста е 33,82 отсто
До 18 и 30 часот гласале 45,71 отсто од гласачите, во Скопје излезноста е 33,82 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
Според добиени податоци од 97,60 отсто или 1.340 избирачки места во кои се запишани се 712.549 гласачи, гласале 325.691 односно 45,71 отсто на ниво на цела држава.
По општини состојбата е следна Аеродром гласале 42, 72 отсто, Боговиње 39, 29, Дебар 41, 21, Демир Капија 72, 64, Дојран 72, 78, Карпош 48, 09, Кичево 51, 34, Кочани 40, 44, Крушево 68, 60, Куманово 33, 43, Струга 40, 14, Тетово 44 35, Центар 46, 14, Шуто Оризари 30, 75 отсто.
За Град Скопје од вкупно 474, 304 гласачи во 10 скопски општини бројот од 100 отсто обработени избирачки места, гласале 160.131 избирачи или 33,82 отсто.
Од ДИК соопштија дека сите избирачки места се затворени во 19 часот. Конечната излезност ќе биде соопштена во 23 часот.
Македонија
Андоновска: Изборите фер и демократски, граѓаните низ цела Македонија со голема излезност во вториот круг
Граѓаните низ цела Македонија, во општините каде што има втор круг во голем број излегоа на гласање, истакна Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, текот на изборниот ден, во рамките на вториот круг од локалните избори за градоначалници во Македонија, минал во мирна, фер и демократска атмосфера на ниво на целата држава, во духот нa демократските вредности и принципи.
„ВМРО-ДПМНЕ, упатува благодарност до сите граѓани кои излегоа и го остварија своето уставно загарантирано право на глас во овој втор круг од градоначалничката трка за овие локални избори.
Со користење на правото на глас, граѓаните одлучуваат кому ќе му го доверат водењето на нивната општина, начинот на којшто ќе се управува истата и патот на нејзиниот развој во наредните 4 години.
Според информациите објавени од страна на ДИК, излезноста на вториот круг локални избори на ниво на цела Македонија до 13:00 часот е 18,05 %“, истакна таа.
Македонија
Герасимовски го оствари своето право на глас: повика на фер, мирен и достоинствен изборен ден
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник, Горан Герасимовски, денеска заедно со сопругата го искористи своето право на глас во Дебар Маало.
Тој, повика на фер и мирни избори, нагласувајќи дека секој глас е темел на демократските процеси и на идниот развој на општината.
„Денеска, со сопругата Елена го остваривме нашето право на глас во Дебар Маало. Ги повикувам сите граѓани да учествуваат во изборниот процес, кој е темелот на демократските процеси. Верувам во фер, мирен и достоинствен изборен ден, во кој граѓаните на Центар ќе покажат висок степен на политичка култура и демократски капацитет“, вели Герасимовски.

