Македонија
Јаневска: Волшебно стапче да имаме до септември нема да можеме да обезбедиме учебници за седмо одделение
Ниеден учебник за седмо одделение не е даден на печатење, вели министерката за образование, Весна Јаневска. Иако јавно беше соопштено дека до 1 септември ќе има учебници и за седмо одделение, министерката Јаневска соопшти дека фактичката состојба во Министерството е сосема поинаква.
„Не само што ниеден учебник за седмо одделение не е даден за печатење, туку огромен број од нив не се одобрени. Некои не се ни напишани, не е креиран учебникот. Некои не поминале ни рецензија. Волшебно стапче да имаме ние до септември како Влада не можеме да стигнеме да обезбедиме учебници за седмо одделение. Оттука, веќе неколку дена траат преговорите и разговорите со Бирото за развој на образованието за да го надминеме овој проблем со идејата дека децата и оваа година треба да учат од старите учебници, односно од учебниците што се користеле оваа година“, рече министерката Јаневска, која денес беше дел од годишниот настан „Разговори за еднаквост“ во организација на Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација.
Во следниот период најави дека ќе проверат дали тие учебници одговараат на наставните програми. Од Бирото за развој на образованието веќе добиле образложение дека учебниците се прилично компатибилни, освен за две-три теми за кои може да се направат наставни материјали.
„Разговорите сè уште траат и доколку законското решение не дозволува ништо поинаку, ние ќе ја одложиме концепцијата на извесен период учениците од седмо, осмо и деветто одделение да имаат учебници. Притоа наставниците тоа го знаат, тие мора да се спремни да предаваат и по наставна програма. Ако некоја тема не е соодветна во учебникот, тие треба да им ја предадат на децата така како што треба, да им обезбедат одредени наставни материјали од кои децата ќе учат, да им посочат друга литература, да им посочат интернет-литература“, вели министерката Јаневска.
Таа најави дека за ден-два ќе може да соопшти што е договорено за учениците да имаат учебници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

