Македонија
Јаневска: За какви корекции зборува Царовска кога вели дека во електронските учебници полесно се вршеле
Професорката Весна Јаневска прашува за какви корекции станува збор кога министерката Мила Царовска вели дека дигиталните учебници, меѓу другото, се потребни за секоја година во нив да може евтино да се прават корекции?
Мила Царовска вели дека дигиталните учебници, покрај другото се потребни за секоја година во нив да може евтино да се…
Posted by Проф д-р Весна Јаневска on Tuesday, 4 May 2021
„За какви корекции станува збор кога тие ќе ги поминат сите филтри за квалитетен учебник? Ќе коригираат содржини еднаш годишно во математика, физика, хемија? Тешко. Во биологија можно е со оглед на посветеноста на сексуалното воспитување, па веројатно во учебникот ќе додадат: „Направена првата операција за промена на полот во нашата држава“, без да ѝ го спомнат името на државата Македонија.
Значи, останаа географија и историја, а веројатно и македонски јазик. Тука ли министерката планира да ги прави промените, во корист на туѓи интереси? Тешко. Нема да може!
Дајте им на децата печатени учебници, потребни им се“, порача Јаневска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

