Македонија
Јаневска: Сè уште не е надминат проблемот со загревањето на училиштата во Карпош, се надевам дека со градоначалникот ќе најдеме решение
„За жал се уште не се надмина проблемот со загревањето на училиштата во Карпош“, посочи министерката за образование Весна Јаневска.
„Јас очекувам овие денови да имам состанок со градоначалникот, жал ми е што треба да соопштам дека искористени се ротациите, оваа година општина Карпош со ребалансот добила 18 милиони денари и верувам дека не се сосема доволно и искрено се надевам дека ќе изнајдеме некакво решение, се разбира со негови поголеми услуги отколку од министерството оти пак станува збор за закон“, посочи Јаневска.
Јаневска посочи дека со буџетот следната година се планираат повеќе средства не само за Карпош туку и за други општини кои се наоѓаат во слична ситуација секако по можност на сите општини да може да им се удоволи.
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски претходно рече дека Владата се однесува крајно некоректно кон македонските општини настојувајќи, како што нагласи, целосно да ги запре средствата што е должна да ги исплаќа.
Тој ја обвини Владата дека со помош на „разни финти им обезбедува пари на албанските општини за да финансираат Албанска академија на науки“, а од друга страна „не можат да ги платат сметките за струја на училиштата каде учат Македонци“. Јакимовски нагласи дека не може да се штеди на грбот на децата од Карпош и презентираше документи, тврдејќи дека Министерството за образование и наука во 2022, 2023 и 2024 година континуирано ги намалува предвидените средства за образование за оваа општина. Односно, за 2022 и 2023 година, им биле исплатени на училиштата 15 милиони денари помалку од предвидените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

