Македонија
Јанушев: Настаните вo ИВЗ се директно мешање на државата во верските заедници
Последните случувања во ИВЗ ги квалификуваме како скандалозни и недозволиво и најостро ги осудуваме. Она што го видовме е директно мешање на државата во верските заедници што за Република Македонија како секуларна држава е тотално неприфатливо, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
„Да се потсетиме само во минатото дека потпретседателот на Заев, потпретседателот на СДСМ, даваше квалификации за челникот, односно поглаварот на ИЗВ, каде што го нарекуваше резил, зло, заштитена мечка и слично. Ваквото мешање најостро го осудувам уште еднаш и очекуваме надлежните институции, кои всушност дојдоа по нарачка и го остварија она што го гледавме вчера, дека ќе се повлечат и дека ќе ги преземат сите мерки за расчистување на овој случај“, рече тој.
На новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ се согласува со ставот на Сулејман Реџепи, кој продолжува да ја извршува функцијата претседател на ИВЗ, дека овие настани се случуваат поради лошиот резултат на изборите од страна на власта, Јанушев рече дека сè што се случува во последниот период е резултат на очајот на СДСМ.
„Ние неколкупати потенциравме во минатото дека сè ова што се случува во овој период, особено во последниот период од неколку месеци пред изборите, е очајот на СДСМ и власта во пресрет, а сега веќе и во текот на изборите. Соочени со катастрофално нискиот рејтинг, тие се обидуваат буквално со сите полуги на власта на секој можен начин, на секој еден поединец да влијаат. Притисоците продолжуваат иако апелиравме тоа да не го прават, секојдневно имаме притисоци, закани, на секој можен начин сакаат да се обидат да ги прикријат срамот и негативниот резултат и падот, како што всушност реков на овој прес, на повеќе од 300.000 гласови за неполни две години“, рече Јанушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.