Македонија
Јанушев: Не можел Боки да знае кој ќе биде ослободен без да добива информации од врвот на власта
Боки е само извршителот на еден поголем и покомплексен систем кој е управуван директно од врвот на власта, тврди генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Тој на прес-конференција рече дека ниту Боки, ниту Кичеец можеле да знаат како ќе се одвиваат постапките пред судот и кој ќе биде ослободен, а кој ќе заврши во затвор, ако за тоа директно не добиле информација од врвот на власта.
„Еден месец ЈО молчи и наместо да ги гони нарачателите во случајот ‘Рекет’, одмораат. Катица Јанева, без која, слушанавме од разговорите објавени во ‘Ла верита’, и не би бил можен милионскиот рекет, наместо во притвор се шета по плажи. Русковска со недејствувањето и непритворањето на Јанева овозможи со своето неделување можност Јанева да уништува докази и да влијае на сведоци. Русковска мора да сноси одговорност за пропустите и просторот што ѝ го отвори на Јанева, но и за другите замешани да влијаат на сведоци и уништуваат докази. Јанева и СЈО се алатката преку која е вршен рекетот, кој без директна поддршка од власта не би бил можен“, рече Јанушев.
Тој смета дека Боки 13 и Зоки Кичеец се извршители, па затоа порача дека истрагата мора да се прошири до врвот на власта.
ВМРО-ДПМНЕ бара од премиерот Зоран Заев да поднесе оставка и организирање на итни предвремени парламентарни избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

