Македонија
Јапонија донира 61.801 евра на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби
Амбасадорот на Јапонија, Савада Хиронори, присуствуваше на церемонија за комплетирање на GGP-проект во Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје. Церемонијата беше организирана од страна на организациската директорка на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје Мирјана Пехчевска Поп-Илиева, во знак на благодарност за донацијата.
Со овој проект, Јапонија овозможи Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје да добие машина за рециклирање медицински отпад, во вкупен износ од 65.801 евра.
„Во период од една година, со машината за рециклирање медицински отпад рециклиравме повеќе од 1.3 тони токсичен и опасен медицински отпад. Од економска перспектива, со употребата на оваа машина, клиниката годишно заштеди повеќе од 50% од комуналните давачки”, вели Пехчевска Поп-Илиева.
„Со оваа донација, Јапонија помогна да се заштитат 200 вработени, над 30.000 пациенти и животната средина од токсични материјали предизвикани од инфективните болести, како што е Ковид-19”, вели амбасадорот Савада.
Во 2021 Ковид-19 беше меѓу главните причини за морталитет во Северна Македонија, а амбасадорот Савада во обраќањето до присутните изјави дека jапонскиот народ е среќен и горд што му помага на македонскиот народ да има подобри и побезбедни здравствени услови.
Во текот на посетата амбасадорот Савада имаше кратка средба со организациската директорка на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје Мирјана Пехчевска Поп-Илиева и медицинската директорка Милена Стевановиќ. За време на средбата тие разговараа за можностите за идна соработка.
Преку GGP, досега, Јапонија финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеќе од 3 милиони евра конкретно во медицинска опрема, реновирање на клиники и возила за брза помош. Дополнително, Јапонија во последните две години ги опремува јавните здравствени установи со медицинска опрема во вредност од 813.000 евра како итна помош за Ковид-19, дел од Програмата за економски и социјален развој и дополнителна нефинансиска помош понудена во лекови за 100 пациенти со Ковид-19.
Преку проектите од програмата за мали грантови (GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирано возило за управување со отпад и комунални услуги за 51 општинa.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

