Македонија
Јаревски за платите на вработените во Министерството за финансии: Комплексите на СДСМ повторно излегоа на виделина
Пратеничката група на СДСМ во текот на вчерашниот ден дрско и без срам го препиша амандманот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, со кој вработените во органите во состав на Министерството за финансии, т.е. вработените во Управата за имотно-правни работи и административните службеници во другите институции ќе добијат повисоки плати за 30 %, истакна Тони Јаревски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
„Политиканството и комплексите на СДСМ повторно излегоа на виделина“, вели тој.
Според него, иако претходно пратениците од СДСМ стоеја цврсто до мислењето на Владата дека не заслужуваат сите да добијат покачување, откако се соочија со реакциите на вработените и откако се соочија со аргументите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, наместо да признаат дека грешат, наместо да побараат да се приклучат како потписници на амандманот поднесен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тие решија да го препишат амандманот на ВМРО-ДПМНЕ и дополнително да го поднесат.
„Ниту дискутираа по амандманите, ниту укажаа што не чини во амандманот на ВМРО-ДПМНЕ, ниту укажаа што е поинакво во нивниот амандман. Пратеничкото мнозинство не е тука за да дискутира, нивната задача е само да гласаат.
За целата ситуација да биде уште посмешна, парламентарното мнозинство го отфрли амандманот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и го изгласаа истиот амандман што претходно го препишаа“, истакнува Јаревски.
Ова, како што вели, покажува дека СДСМ нема капацитет за демократските процеси немаат интерес за конструктивни дебати, туку нивната единствена заложба во Собранието е демонстрација на политиканство и слепо извршување на партиските наредби.
„Ние ќе продолжиме да се бориме за интересите на сите граѓани на Република Македонија, ние ќе продолжиме да бидеме принципиелни и конзистентни во нашите заложби во работата на Собранието на Р. Македонија и секогаш аргументирано ќе се спротивставиме на сите погубни политики на Владата и владејачкото мнозинство“, додава пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На свечена церемонија, утре Пендаровски ќе и’ ја предаде функцијата на Силјановска-Давкова
Во Кабинетот на претседателот, утре – 12 мај ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести.
По свечената церемонија новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и претседателот Стево Пендаровски предвидено е да остварат тет-а-тет средба.
Државната изборна комисија денеска и’ го издаде уверението за избран претседател на Гордана Силјановска-Давкова. ДИК ќе треба да достави извештајот до Собранието за да биде закажана седница за утрешната инаугурација на Силјановска Давкова. Потоа таа пред пратениците ќе треба да даде свечена изјава по која ќе почне нејзиниот мандат.
Мандатот на Пендаровски истекува утре.
Македонија
Aхмети тврди дека со челниците на „Вреди“ во јануари потпишале декларација дека ќе владеат само со партии што поддржуваат уставни измени
ДУИ тврди дека и првите луѓе на коалицијата „Вреди“ (Влен), со кои ВМРО-ДПМНЕ договара коалицирање во новата Влада, се потписници на декларација во која уверуваат дека ќе владеат заедно само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешниот собир на претставниците и членството на коалицијата рече дека декларацијата била потпишана во јануари годинава.
Во неа, се наведува дека почетокот на преговорите со Европската Унија (ЕУ) носи стратешки и значајни придобивки за нашата земја, а потписниците со обединет глас се придружуваат да одговорат на итната потреба за решавање и стабилност во земјата.
„За овие цели ние како политички партии изјавуваме: ‘Ние, долупотпишаните политички партии, имајќи ја предвид состобата во која се наоѓа државата и должноста што jа имаме кон граѓаните, чувствуваме обврска да изјавиме дека сме целосно решени, сега и во иднина да соработуваме и да владееме заедно само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени како услов за продолжуванье на процесот на интеграција на земјата во ЕУ. Потписи на партиски претставници (наредени по азбучен ред): Арбен Таравари, Африм Гаши, Али Ахмети, Билал Касами и Изет Меџити“, стои во документот што го прочита Ахмети.
Претпладнево се случи првата рунда на преговори помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен, по којашто партиите соопштија дека ги договориле општите начела за идната Влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.
Од тука додадоа дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите за коалицирање.
Во изборната кампања, ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ излегоа со различни ставови за уставните измени, но во повеќе наврати беше потенцирано дека разговорите на таа тема ќе бидат ставени на маса по завршувањето на изборите.
Македонија
„Договорени се општите начела за идната Влада“ – заврши средбата на ВМРО-ДПМНЕ со Влен
Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, од страна не ВЛЕН беа присутни Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.
„Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото“, објави ВМРО-ДПМНЕ по средбата.
Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање.