Македонија
Јаревски: Ковачевски да каже дали Јакимовски од него барал одземање на ингеренциите и со одлука на Владата да се бетонизира кај „Алумина“
„Димитар Ковачевски да не се крие и да каже дали Стевчо Јакимовски од него барал одземање на ингеренциите за без пречка да може да си го бетонизираат Карпош? Ковачевски да каже дали со Јакимовски разговарале како да го заобиколат Советот и спротивно на волјата на карпошани да овозможат градење на висококатниците кај ‘Алумина’“, прашува Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Кова ли власта планови за бетонизација на Карпош од која ‘Пуцко петрол’ би инкасирал повеќе од 600 милиони евра? Дали покрај планот за ‘Алумина’, Јакимовски му презентирал на Ковачевски и други проекти со потенцијална бетонизација од десетици милиони евра?
Стевчо Јакимовски вчера ја одмолче средбата со Ковачевски. Очигледно коалицијата за бетонизација кај „Алумина“ работи под силна пареа.
Поради бизнис интересот на власта, Карпош ќе се бетонизира и ќе се претвори во тесно грло, сообраќајот ќе се отежни и ќе се наруши квалитетот на живеење во оваа општина.
Ниту на Ковачевски ниту на Јакимовски не му е гајле што од најзелената општина Карпош ја претвораат во бетонска џунгла.
Апелираме и до Ковачевски и до Јакимовски да не си играат со волјата на карпошани и да не се обидуваат да го бетонизираат Карпош“, изјави Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Град Скопје: Неплатените даночни обврски надминуваат 36 милиони евра, граѓаните повикани да ги подмират долговите
Град Скопје соопшти дека неплатените обврски по основ на данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина за периодот од 2020 до 2025 година надминуваат 36 милиони евра, според евиденцијата на Секторот за даноци на имот и комунални такси.
Даноците на имот и комуналните такси се значајни приходи за функционирањето на Градот, со кои се финансираат основни градски услуги, инфраструктурни проекти, трошоци на јавните претпријатија и јавните установи, како и работата на средните училишта.
Од Град Скопје ги повикуваат сите даночни и таксени обврзници – правни и физички лица – што немаат платено данок на имот, промет, наследство и подарок, како и комунална такса-фирмарина, своите обврски да ги подмират во најкраток можен рок.
Граѓаните и компаниите можат да извршат увид во своите долгови, да ги преземат решенијата и електронски да ги платат обврските преку платформата: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml
Градот објави и контакт информации за повеќе категории даноци:
Данок на имот: 072/204-434, 02/3207-546, e-mail: [email protected]
; [email protected]
Данок на промет, наследство и подарок: 02/3297-298, 02/3297-296, e-mail: [email protected]
Комунална такса-фирмарина: 02/3297-314, e-mail: [email protected]
Даночно сметководство: 02/3297-298, 02/3297-296, e-mail: [email protected]
Даночниот долг може да го платите и преку Даночните шалтери на Град Скопје, секој работен ден од 8 до 19 часот, како и во сабота на 13 декември.
Македонија
Сиљановска-Давкова ќе го одликува американскиот генерал-мајор Грегори Најт со Орден за воени заслуги
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, денеска – 9 декември 2025 година, вторник, ќе го прими американскиот командант на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт и на свечена церемонија ќе го одликува со Орден за воени заслуги.
Генерал-мајор Најт се одликува со Орден за воени заслуги за неговиот особен придонес во продлабочувањето на македонско-американското пријателство и воената соработка што резултираше со бројни активности за зајакнување на капацитетите и за зголемување на борбената готовност на македонската армија.
Македонија
Земјотрес почувствуван во регионот на Кичево
Земјотрес со магнитуда од два степени според Рихтеровата скала бил регистриран ноќта во 01:23 часот во Македонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според податоците,земјотресот бил регистриран на 15 километри југoјугозападно од Кичево, 73 километри североисточно од Елбасан, Албанија.
Епицентарот се наоѓал на длабочина од 15 километри.

