Македонија
Јовановски барал средба со Заев, тој му одговорил: „Ги видов доказите Боки, ова е чист рекет, мора да постапам“
Комуникацијата меѓу доскорешниот премиер Зоран Заев и обвинетиот во „Рекет”, Бојан Јовановски, која тој ја препраќал до неговата мајка Јасминка Јовановска, е дел од доказите во предметот. Заев му посочува на Јовановски дека видел докази за „класичен рекет” и дека ќе постапи според законите, а Јовановски бара средба кај него, објаснувајќи дека не го злоупотребил неговото име.
„Сум покажал многу пати. Од мене никогаш нема да слушнеш дека сум го злоупотребил твоето име. Кога сум имал нешто прво тебе сум ти кажал. Нашиот однос зависи од тебе. Те молам размисли да се видиме. Јас сум ти пријател”, пишува во принтскринот испратен од Јовановски кон неговата мајка Јасминка Јовановска, од комуникација преку телекомуникациска апликација каде стои името „Зоран Заев”.
„Јас сум претседател на Влада и морам да постапам законски. Извини, но грозно е”, пишува во принтскринот каде се гледа името „Зоран Заев”, а која Јовановски ја препратил кај мајка си.
„Јас никогаш не сум го злоупотребил вашето име. Ве молам да ме примите”, пишува повторно Јовановски до Заев.
„Ги видов доказите Боки. Ова е чист рекет. Јас морам да постапам”, повторно пишува во принтскринот каде е прибележано името на Зоран Заев, а кој Јовановски го испраќал на мајка си. Комуникацијата се одвивала околу една недела пред Заев официјално да го пријави случајот во Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

