Македонија
Јованоски: ПЗУ „Ортомедика“ е затворена по потврдувањето дека еден од вработените е позитивен на коронавирусот
Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, демантира дека имал контакт со еден од вработените во ПЗУ „Ортомедика“, кој е позитивен на коронавирусот.
„Како прв човек на градот чувствувам потреба и обврска да се обратам до вас, граѓаните на општина Прилеп, во однос на дезинформациите што вчера и денеска кружат на социјалните мрежи за наводен мој контакт со кој било од вработените во ПЗУ ‘Ортомедика’ во последните петнаесетина дена, каде што, за жал, на еден член на медицинскиот персонал му е констатиран позитивен наод на коронавирусот. Со најголема индигнација ги отфрлам ваквите дезинформации“, рече тој.
Јованоски рече дека веднаш по потврдувањето на случајот, во согласност со препораките на надлежните служби, амбулантата е привремено затворена, а другите членови од медицинскиот персонал се наоѓаат во самоизолација.
„Во услови кога борбата со коронавирусот е наш врвен приоритет, тенденциозното ширење дезинформации и лажни вести е чин на највисока неодговорност и е во правец на создавање паника и страв кај граѓаните“, рече градоначалникот.
Јованоски апелира граѓаните да се информираат исклучиво од претставници на официјалните институции.
„Да не ги стигматизираме заразените со коронавирусот, како и сите оние што се наоѓаат во самоизолација. Да им дадеме поддршка во справувањето со оваа болест затоа што тоа секому може да му се случи“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници.
„Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти за влез на базен. На нашите центарци, на децата и возрасните им овозможуваме подобри услови и поволности“, рече Герасимовски.
Македонија
Почина Агим Јонуз
Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија не само како аналитичар и колумнист, туку и како поранешен советник и портпарол на поранешниот претседател на Собранието, Лупчо Јордановски и на поранешниот премиер Бучковски.
Во 2021 година Јонуз беше носител на листа на советници за Град Скопје предложен од „Твоја Партија“.
Јавноста го познаваше како чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре, 26 октомври 2025 година, на гробиштата во Бутел.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ веќе има 35 градоначалници, рече Мицкоски по повлекувањето на опонентите од Могила и Македонски Брод, очекува 59
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот митинг во Неготино изрази увереност дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ која има предност пред нејзиниот опонент од СДСМ, ќе биде следниот градоначалник на општината.
Мицкоски нагласи дека граѓаните јасно ја изразиле својата волја и доверба кон ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, која во првиот круг освоила 33 градоначалници, наспроти тројца од СДСМ, а во вториот круг влегла во 26 општини.
„Веќе во две општини противниците на нашите кандидати се откажаа – Македонски Брод и Могила – така што во овој момент коалицијата има 35 градоначалници и уште во 24 општини е во втор круг. Тоа се 59 потенцијални градоначалници“, рече Мицкоски, додавајќи дека тоа ќе биде историски најголем триумф на македонската политичка сцена.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, имајќи мнозинство и во 58 општински совети, а го истакна и водството на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, со предност од над три спрема еден во однос на противкандидатот.
Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање на 2 ноември и да го заокружат бројот 9, за, како што рече, да се потврди „најголемата победа во историјата на Македонија“.

