Македонија
Јовески: Видов туби на местото на несреќата, но не беа изгорени

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, вели дека на местото на автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија видел празни туби, но тие не биле изгорени. Ги оцени како шпекулации наводите дека пожарот избувнал поради туби со нафта и очекува истрагата да даде појасни информации.
Македонското Обвинителство собира примероци од ДНК од роднините на загинатите за да ги идентификува жртвите, рече јавниот обвинител во разговор за БТВ.
Јовески објасни дека двајца цариници го пропуштиле автобусот што тргнал од Северна Македонија без потребните документите.
„Нема да водиме паралелна истрага. Таа се води во бугарското Обвинителство. Ќе сораборуваме. Ќе ги почекаме резултатите и тогаш Обвинителството на Северна Македонија ќе донесе решение како да постапи“. рече Јовески.
Засега не е познато дали причината за несреќата е човечка грешка или дефект на автобусот. Јовески нагласи дека автобусот бил речиси нов, со редовен технички преглед во Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.