Македонија
Јовески: Нашата работа мора да биде независна и да се базира на доказите
																								
												
												
											Јавниот обвинител на Македонија, Љубомир Јовески, се обрати на свечената церемонија по повод приемот на осмата генерација во почетната обука на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Идните слушатели на Академијата, Јовески ги упати на самостојно, независно и неселективно извршување на задачата.
Ова е значаен ден за институциите, за граѓаните и за државата, особено во ова време кога во земјата има недостиг на јавни обвинители и судии, констатира Јовески.
„Од вас се очекува да бидете гарант за ефикасно правораздравање. Правото мора да биде еднакво достапно за сите граѓани бидејќи селективноста е најголема неправда. Нашата работа мора да биде независна и да се базира на доказите и фактите во постапката“, рече Јовески.
„Само ефикасен и независен правосуден систем ќе биде основа граѓаните да имаат поголема доверба во правосудните институции“, рече министерот за правда Никола Тупанчески потсетувајќи ги идните слушатели на Академијата дека да се биде дел од третата власт во државата е предизвик, но и голема одговорност.
Успешен почеток на обуката и успешно завршување на Академијата на кандидатите им посакаа претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, претседателот на Советот на јавните обвинители, Антонио Јолевски, како и заменик-претседателот на Судскиот совет, Селим Адеми.
Осмата генерација во почетната обука на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ има вкупно 97 слушатели, а нивната обука ќе трае 2 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Воведена нова процедура на Клиниката за кардиологија, пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство
														Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија во нашата држава.
„Со воведувањето на новата процедура на Клиниката за кардиологија овозможуваме пациентите со сложени срцеви аритмии да бидат згрижени и соодветно третирани во оваа врвна терциерна установа, без да има потреба да бидат упатувани во странство. Тимот од оваа клиника покажа дека во македонското здравство постои знаење, храброст и визија за врвни резултати. Ова е голем чекор напред за нашето здравство и потврда дека инвестицијата во знаење, технологија и човечки потенцијал овозможува врвни резултати“, истакна министерот Алиу при посетата.
Директорката на Клиниката за кардиологија, Даница Петкоска-Спирова, изрази благодарност до целиот тим за посветеноста во работата и грижата за пациентите со кардиолошки заболувања.
„Министерството за здравство продолжува со поддршка на иницијативите за воведување нови процедури и методи во јавните здравствени установи, со цел унапредување на третманот на пациентите на сите нивоа на здравствена заштита“, порача министерот Алиу.
Македонија
Љутков ќе се обрати на 43. сесија на генералната конференција на УНЕСКО
														Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ја предводи македонската делегација на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО што од 30 октомври до 13 ноември се одржува во Самарканд, Република Узбекистан.
Љутков утре (5 ноември) во Конгресниот центар „Патот на свилата“ во Самарканд ќе се обрати на дебатата посветена на генералните политики на Организацијата, на која учествуваат министри и претставници од земјите членки на УНЕСКО.
На Генералната конференција учествуваат претставници од над 200 земји и меѓународни организации. За време на двонеделното заседание ќе бидат усвоени значајни документи што ги одредуваат буџетот и програмата за работа на УНЕСКО за следниот период, а државите членки ќе изберат и членови на извршниот одбор. Се очекува во текот на Конференцијата да биде именуван и нов директор на Организацијата.
Одржувањето на Конференцијата во Самарканд е од особено значење бидејќи за првпат по повеќе од четири децении Генералната конференција на УНЕСКО се одржува надвор од седиштето на Организацијата во Париз.
Учеството на овој меѓународен собир, во кој Република Македонија е полноправна членка од 28 јуни 1993 година, ја потврдува континуираната посветеност на земјава кон целите и вредностите на УНЕСКО, а претставува и можност за унапредување на видливоста на македонската култура на глобално ниво.
Македонија
Утре, без вода дел од скопски Центар
														Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( среда ) поради дефект во шахта од ф – ¾ на ул. Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција. ( општина Центар )

