Македонија
(Видео) Јовески: Ниту една држава сама изолирана не може да го совлада организираниот криминал, потребна е меѓународна соработка
Јавниот обвинител Љубомир Јовески на денешната конференција за соработка и правна помош со Италија и Европската Унија во борба против транснационалниот организиран криминал изјави дека домашното обвинителство има потреба од кадровско доекипирање, како и ресурси за работа за да останат во соработка со обвинителствата од другите европски земји.
„Организираниот криминал бара систем на правото кој функционира во пракса. Обвинителствата треба да ги надминат сите пречки. Институциите ќе имаат обука и ќе ги добијат потребните ресурси за дејствување. Меѓудругото постојат и важни предизвици во однос на кадровско доекипирање на обвинителството. Нашите органи нема да можат да остварат меѓународна соработка, доколку не ги развијат внатрешните институции за да дојде до размена на информации“, рече Јовески.
Јавниот обвинител истакна дека едностраните реакции на една земја не се доволни за сузбивање на организираниот криминал, туку потребно е групно дејствување како најефикасен и најбрз начин за решавање на овој тип криминал.
„Република Северна Македонија ратификува повеќе конвенции со кои се регулира меѓународната правна помош како оние со ЕУ и ОН. Конвенциите и договорите сепак не се доволна гаранција за ефикасен прогон. Националните власти треба да обезбедат разменување информации и продлабочување на соработката на повисоко ниво. Организираниот криминал е сериозна закана за секое современо општество. Ја намалува довербата на граѓаните и создава правна несигурност. Неговата зачестеност ја детерминира потребата од меѓународна соработка, што е клучно во справувањето. Ниту една држава сама изолирана не може да го совлада организираниот криминал затоа соработката е посебно значајна. Потребна е посветеност, соработка помеѓу институциите и соработка на меѓународен план“, рече Јовески.
Јавниот обвинител Љубомир Јовески и националниот јавен обвинител за гонење мафија и тероризам на Италија, Федерико Кафеиро де Рахо, потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете земји за заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

