Македонија
ЈП „Комуналец” од Охрид продава народен имот вреден 500.000 евра за да си ги расчисти долговите, реагираат од Левицата
Народниот имот вреден 500.000 евра е ставен на продажба, заради ненавремено сервисирање на долговите на претпријатието, велат од Левица.
„На 27.3.2024 година, закажана е продажба, во 10:00 часот во просториите на извршителот Гордана Џутеска од Охрид, преку усно јавно наддавање на недвижен имот на недвижности означени во лист В од имотен лист 88117 за КО Охрид 3 како: КП бр. 14766 дел 2, на м.в. бул. „Туристичка”, на зграда/друг објект 1, намена на зграда во стопанството, влез 2, кат ПР, број ДП, во површина од 344 м² и КП. бр. 14766, дел 2, на м.в. бул. „Туристичка”, број на зграда/друг објект 1, намена на зграда преземена во конверзија од стариот ел. систем, помошни простории, влез 1, кат ПР, бр. ПП, во површина од 23 м².
Поради недомаќинско и расипничко работење на сите досегашни директори на ова претпријатие, сегашниот директор на ЈП ,,Комуналец” – Охрид, Сашо Најдески, е во состојба да мора да го раскрчмува имотот на јавното претпријатие, со продажба на народен имот во Градскиот пазар – Охрид“, реагираат од Левица.
Охридскиот локален огранок на политичката партија Левица, смета дека ова е, навистина, крајно застрашувачки што забрзано се продаваат јавни добра што ги поседува државата, наместо да се вложува во нови инвестиции.
Според партијата на Апасиев, сите значајни капацитети што ги поседува Република Македонија мора да останат државни и истите да служат во корист на државата и народот.
Потсетуваат дека Левица досега неколку пати реагираше до јавноста за нефункционалното работење на директорот Најдески, во насока на: тешки тендери со битолската ГРИН-ТИМ, додека Охрид се дави во ѓубре; работници оставени без плата; работници со принудни одмори и случајот со депонијата во Буково што неконтролирано гори и го загрозува здравјето на сите охриѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

