Македонија
ЈСП: Патникот прв ги нападнал контролорите
Во врска со фотографиите објавени на социјалните мрежи на кои се гледа како двајца контролори се пресметуваат со патник, од ЈСП Скопје велат дека според изјавите на контролорите, тие биле први нападнати по што морале да интервенираат. Од претпријатието наведуваат дека внатрешна контрола ќе испитува дали и контролорите имаат вина во инцидентот што се случи попладнево во автобус со број 2, кој сообраќал од Сарај кон Автокоманда.
Веднаш по инцидентот, на терен излезе екипа на Внатрешна контрола на ЈСП, а повикана била и екипа на МВР.
„Според исказот на контролорите, инцидентот се случил откако патник без билет физички го нападнал едниот контролор, по што се вмешал и другиот контролор. Патникот, според внатрешната контрола, се обидел да избега, но бил приведен од страна на екипа на МВР.
И патникот и контролорите дадоа исказ во МВР. Во случајов, и внатрешната контрола на ЈСП Скопје ќе утврди дали евентуално и контролорите имаат вина во инцидентот, односно дали го прекршиле кодексот на вработените и дали против нив ќе се поведе соодветна дисциплинска постапка“, велат од таму.
ЈСП Скопје потенцира дека не толерира кршење на кодексот на вработените од страна на кој било вработен (возач, контролор, билетарка, аминистративен работник и слично) и е отворено за жалби, пријави и поплаки од секаков вид кои може да се доставуваат на веб-страницата на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk или во инбокс на www.facebook.com/jspskopjee , со точно наведени податоци за настанот (ден, време, линија, гаражен број на возило и слично), за внатрешната контрола или друга соодветна служба да го испита случајот и против вработениот, доколку се утврди вина, презеде соодветна дисциплинска мерка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

