Македонија
Љупчо Јаневски кандидат за градоначалник на ДОМ и ЛДП за општина Ѓорче Петров

Граѓанското движење на ДОМ и ЛДП денеска во паркот во општината Ѓорче Петров го претстави кандидатот за градоначалник, д-р Љупчо Јаневски.
Целта на граѓанското движење е, како што велат од таму, општините да ги направи вистински дом на сите луѓе.
„Нашата визија е за оддежлив зелен развој на секоја општина, ставајќи крај на бетонизирањето на јавниот простор. Нам ни е потребен чист воздух, чиста вода за здрав и квалитетен живот“, истакна претседателката на зелената партија ДОМ, Маја Морачанин.
Јаневски нагласи дека како кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров нуди програма за прва зелена општина во нашата земја.
Како што кажа тој, дел од Зелениот план за Ѓорче содржи:
– урбано хумано планирање
– три нови паркови
– паркови за домашни миленичиња
– велосипедски паркинзи
– велосипедски патеки
– инвестиции во зелена економија
– дигитализација на општината
– хоризонтални зелени sидови
– мерни станици за аерозагадување
– отворена општина за младите
– развој на руралниот туризам
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од булевар Борис Трајковски – крак 20 во Усје. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче (општина Аеродром ) како и дел од корисниците лоцирани околу улицата Брсјачка Буна бр. 163. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги информира граѓаните дека, денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Призренска 22 бр.46Е, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Призренска 22 од 10:00 часот до завршување. (Општина Бутел)
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 километри на час). Кон крајот на денот облачност ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.