Македонија
Њујорк: Димитров разговараше со Гутереш за спорот со името

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес во Њујорк, оствари средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.
Како што соопшти МНР, на средбата се разговарало за последните случувања во врска со разговорите за надминување на разликата околу името што се одвиваат под покровителство на ОН.
„Со визија и лидерство на двете страни имаме историска шанса да затвориме еден повеќедецениски, историски спор“, рекол Димитров на средбата, соопшти МНР.
Министерот имал средба и со Розмари А. Дикарло, потсекретар за политички прашања во ОН, на која, како што соопшти МНР, била реафирмирана посветеноста на Република Македонија кон европските и евро-атлантските интеграции
Димитров рекол дека созревањето на Република Македонија и решителноста за градење европска демократија е вистинска шанса за демократски пробив во Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.