Македонија
Ќе ги искористиме сите можности Груевски да се соочи со правдата, истакнал Димитров во разговор со Сијарто
На вториот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на маргините од министерскиот состанок оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои и со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Џорџ Катругалос, унгарскиот колега Петер Сијарто, холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок, и шефот на грузиската дипломатија, Давид Залкалиани.
Како што информираат од ресорното министерство, за време на билатералната средба со Сијарто, Димитров истакнал дека случајот со бегството и добивањето азил на поранешниот премиер Груевски е предизвик за билатералните односи меѓу Република Македонија и Унгарија, кој од македонска страна се третира со голема внимателност и во согласност со принципите на владеење на правото.
„Ќе ги искористиме сите правни можности за негово соочување со правдата во Македонија“, рекол македонскиот министер на средбата. Неговиот унгарски колега ја повторил поддршката на Унгарија за европската и евро-атлантската интеграција на Република Македонија.
На средбата со грчкиот колега, Димитров разговарал за процесите и правните чекори кои следат во врска со пристапниот протокол за членство во НАТО. Од двете страни била истакната цврстата волја за имплементирање на договорот од Преспа.
Со холандскиот министер за надворешни работи, станало збор за реформите во областа на владеењето на правото.
„Нашата цел е да не оставиме никаков сомнеж меѓу земјите членки дека заслужуваме почеток на пристапни преговори со Европската Унија“, посочил Димитров во рамки на разговорот.
Со грузискиот шеф на дипломатијата, Давид Залкалиани, се разговарало за унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.
На последниот ден од работната посета на Брисел, во рамките на НАТО, Димитров ќе учествува на министерскиот состанок на Северно-атлантскиот совет со земјите контрибутори во мисијата „Решителна поддршка“ во Авганистан. Предвидени се и средби на министерот со високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини и со еврокомесарот Јоханес Хан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

