Македонија
Ќе паѓа цената на становите, директорот на АД за станбен и деловен простор ќе го регулира лудилото од цени
Зоран Ѓоргијев, директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, најавува дека цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Акционерското друштво како регулатор на цената почнува да гради на нови локации, а на намалување на цената ќе влијае и поевтинувањето на градежните материјали.
„Според она како се движат цените сега, има извесно намалување на градежните материјали. Ние како државна фирма сме регулатор на цената. Затоа сега набргу ќе се почне со градба кај старата воена пекарница, па така ќе можеме на ова лудило во државата и во целиот регион за цената на квадратен метар да бидеме некаков регулатор. Мислам дека цените ќе одат во некој благ пад надолу“, рече директорот Ѓоргијев по денешниот увид во градежните работи за изградба на зградата за 312 социјално загрозени семејства во Бутел.
Цената на становите во Скопје последниве две години скокна на повеќе од 2.000 евра за квадратен метар. Директорот Ѓоргијев смета дека трендот на енормно зголемени цени за квадратен метар не е само кај нас туку во регионот и во цела Европа, но во периодот што следува се очекува намалување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

