Македонија
Џафери: Во јуни очекуваме почеток на процесот на преговорите со ЕУ
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за време на студиската посета во Единбург, Шкотска, оствари работна средба и со претседателот на шкотскиот парламент, Кен Мекинтош.
Џафери го информира домаќинот за актуелната политичка состојба во нашата земја и за напорите во насока на исполнувањето на потребните предуслови за постигнување на стратешките цели, односно полноправното членство во НАТО и ЕУ.
„По постигнувањето на договорот со Бугарија и договорот со Грција, Република Северна Македонија го деблокира патот на евро-атлантската интеграција и во моментот се одвива ратификацијата на протоколот за пристапување на земјата во НАТО во националните парламенти на земјите членки на НАТО и очекувањата се дека до крајот на 2019 или почетокот на 2020 таа цел ќе биде остварена. Во однос на ЕУ, покрај скринингот, очекуваме дека во јуни оваа година ќе се отвори процесот на пристапни преговори со ЕУ“, рече Џафери.
Претседателот на шкотскиот парламент се интересира за начинот на функционирање на Собранието, при што изрази мислење дека размената на заемните искуства може да биде од полза за двата парламента. Што се однесува на билатералната парламентарна соработка, заедничка е констатацијата во однос на важноста таа соработка да продолжи и да се продлабочи. Во таа насока формирани се групи за соработка во двата парламента и двајцата соговорници ја охрабруваат и подржуваат таа соработка, особено ако се има предвид драгоценото искуство од парламентарното работење за пртениците и службениците. Џафери го покани својот хомолог на официјална посета во Република Северна Македонија, нешто што Мекинтош го поздрави со голем позитивизам. На крајот на средбата двајцата соговорници разменија погодни подароци.
Македонската делегацијата имаше работна средба и во шкотскиот државен завод за ревизија, каде што се информира на непосреден начин за начинот на разгледување на ревизорските извештаи во парламентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

