Македонија
Џафери: Глобалниот мир и обезбедувањето фер и демократски избори за над 2 милијарди граѓани е приоритет на владите од светот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ја почна својата агенда на годинешната минхенска безбедносна конференција. Пред првите билатерални средби премиерот Џафери изјави:
„Од денес до недела се наоѓаме во Минхен за следење на работите на минхенската конференција за безбедност. Секако дека значењето на оваа конференција е во доменот на актуелните случувања во геостратешките и геополитичките случувања во светот. Фокусот главно се претпоставува дека ќе биде состојбата во Украина и, секако, проследена со состојбите во Блискиот Исток. Придружно, тема ќе бидат безбедноста и одбраната во Европа и улогата на Европа во тој контекст.
Секако, значењето на конференцијата и како проследување на темата ќе биде и фактот дека во повеќе од 65 земји во светот над 2 милијарди граѓани ќе имаат можност на избори да ја искажат својата волја и секако дека тоа е од посебен интерес за да се обезбедат соодветни демократски предуслови за слободни и фер избори, од кои ќе произлегуваат новите институции во соодветните држави.
Во оваа ситуација ќе ја имам можноста соодветно да имам и билатерални средби со повеќе колеги од другите земји, кои учествуваат на конференцијата.
Оттука, пораката за соодветна соработка со сите нив и во однос на нашата состојба со документите ќе биде една од темите за која ќе се разменуваат мислења со колегите со кои ќе ја имам можноста да поразговараме билатерално“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.
Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.