Македонија
Џафери – Гулијев: Неопходно е Македонија и Албанија што побргу да ги почнат преговорите со Унијата
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, оствари средба со Азај Гулијев, потпретседател на Парламентарното собрание на ОБСЕ и специјален претставник за Југоусточна Европа, во рамките на неговата посета на Република Северна Македонија, Република Албанија и Црна Гора. На средбата присуствуваа: Игор Јанушев, шеф на делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ, Моника Зајкова, член на делегацијата, Диме Велковски, Гордана Сиљановска-Давкова и Берат Ајдари, заменик-членови на делегацијата, и амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
На средбата беа разменети мислења за состојбите во земјата и регионот, како и за активностите на Парламентарното собрание на ОБСЕ, кое е единствена парламентарна организација во структурата на Организацијата и врши улога на витална врска меѓу владиниот дел на ОБСЕ и пратениците што се директно избрани од граѓаните.
Претседателот Џафери изрази задоволство од плодната соработка на Собранието на Република Северна Македонија со Парламентарното собрание на ОБСЕ, како и со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со цел зајакнување на парламентарната независност, надзорната функција и демократската улога и промовирање на родовата еднаквост. Тој изрази надеж дека денешната посета, како и посетите на Албанија и Црна Гора во наредните денови, во голема мера ќе му овозможат на специјалниот претставник Гулијев од прва рака да се запознае со состојбите во регионот.
Азај Гулијев информира дека целта на неговата посета е да добие сознанија за развојот на настаните во земјите и во регионот, како и да ја потврди посветеноста на ОБСЕ за промовирање дијалог во сите сегменти на општеството, а особено на парламентарно ниво. Во врска со ова тој ја промовира идејата за основање неформална платформа за дијалог меѓу пратениците членови на ПС на ОБСЕ од регионот на Југоисточна Европа, што доби едногласна поддршка од претседателот Џафери и пратениците, информираат од кабинетот на Џафери.
На средбата станало збор и за претстојното претседавање на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, при што беше истакнато значењето на соработката со парламентарна димензија на Организацијата при утврдувањето на приоритетите, спроведувањето на многуте активности и справувањето со предизвиците во рамките на претседавањето.
Соговорниците исто така се осврнале на состојбата во Украина, како и на безбедносната, хуманитарната, економската и енергетската криза и заклучиле дека во ваков критичен момент ОБСЕ треба да биде клучна платформа за заеднички ангажман во надминувањето на разликите и унапредувањето на безбедносната соработка.
Џафери и Гулијев заклучиле дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ и неопходно е што побргу Северна Македонија и Албанија да ги почнат претпристапните преговори со Унијата затоа што процесот на проширување на ЕУ промовира долготраен мир, стабилност и просперитет во целиот регион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари
Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава заради сторено кривично дело „криумчарење“.

„Осомничениот е застанат за контрола од страна на мобилен царински тим, во внатрешноста на државата, веднаш по влезот во државата преку граничен премин Табановце, при што се пронајдени 4.752 пакувања со никотински ќесички со никотин и 48 пакувања никотински ќесички – снус кои содржат никотин и тутун. Стоката и возилото се запленети, а осомничениот е приведен на сослушување од страна на инспекторите за истраги“, соопштија од Царина.
Во предистражната постапка е утврдено дека стоката требало да биде предадена на лице за кое Царинската управа минатата година поднесе кривична пријава за прикривање стоки кои се предмет на криумчарење – цигари без акцизни маркички и царинска измама.

По целосно завршување на истрагата, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за сторено кривично дело криумчарење.
Македонија
(Видео) Петрушевски: СДС молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот
СДС молчи на пратенички прашања за Груби, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот, вистакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ниту едно пратеничко прашање од страна на СДС кон членовите на Владата за Артан Груби. А толку беа гласни изминативе три дена со измислување на 10-тина тези, за кои народот секако не им поверува.
Но вистината, почитувани, полека но сигурно излегува на површина. Стравот од можните искази на Артан Груби за криминалите на поранешната власт на СДС и ДУИ очигледно го притисна паник тастерот во Бихаќка.
Дури и потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска, отиде чекор понатаму, посочувајќи дека за еден од случаите во кои се сомничи Груби за сторен криминал, кривични пријави треба да добијат и неговите колеги од тогашната влада“.
Петрушевски прашува дали толку многу знае Груби, што некои поранешни функционери би биле подготвени да се жртвуваат. Дали, како што рче, паник тастерот во СДС го притисна кланот Заеви. „Дали стравот кај Вице и Зоран Заев навистина толку е голем, па затоа СДС со Филипче на чело застана во одбрана? Затоа ли Спасовски, Филипче и Зечевиќ делуваат видно вознемирени?
За криминалот, на крајот, има само еден одговор, а тоа е правдата“.
Македонија
Имаме чувство дека српски служби пробуваат да го ослабнат СДСМ, велат од оваа партија
Имаме чувство дека странски служби работат за различни цели, велат од СДСМ.
„Излезе информација дека странски служби дале информација за Груби дека е во опасност.
Беше 14 месеци, како што вели ВМРО (изгледа имале информации, а никој не го барал), на Косово и во Албанија – без никаква опасност.
А сега е во опасност во затворот Шутка, покрај сите мерки за обезбедување.
Посигурен е дома. Тоа сигурно – храната стигнува од ресторани, а и на телевизија има интересни содржини. Како во хотел.
Она што не го кажа Мицкоски е од која странска служба ја добиле информацијата, бидејќи како што се гледа од изјавите за медиумите од МВР и АНБ, никој ја нема таа информација“.
Од СДСМ прашуваат дали информацијата му стигнала од српска или од руска служба.
„Може ли тоа да ни го каже, или и тоа е тајна?
Исто така, покрај ова што наводно го прават странските служби во земја членка на НАТО, имаме чувство дека истите тие служби се занимаваат и со членови на СДСМ.
По бројните обиди за слабеење на СДСМ одвнатре, кои што не успеаа, истиот модел продолжува.
Така, имаме чувство дека поединечни членови продолжуваат контакти со служби, одат во амбасади, одат на ручеци – како што одамна прават некои т.н. новинари кои се во служба на водење антиевропска кампања со цел јакнење на руското влијание во Македонија“.

