Македонија
Џафери: Доколку премиерот не поднесе оставка, нема да се избира техничка влада
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешниот брифинг со новинарите рече дека е можно одложување на изборите сѐ додека тие не бидат распишани.
Тој, како што рече, планира да свика седница на 3 јануари за избор на нова техничка влада, но засега нема најава дали премиерот Зоран Заев ќе ја депонира својата оставка.
Тој додаде дека хипотетички постои можност премиерот да не даде оставка, а тоа значи дека нема да се избира ниту техничка влада. Но, како што објасни Џафери, доколку се избере техничка влада на 3 јануари, тогаш изборите треба да се одржат на 12 април.
„Не е можно да се одложат изборите по формирањето на техничката влада затоа што таа влада, според пржинскиот договор, е со краток мандат за да ги организира изборите, а не да се продолжува нејзиниот рок“, рече претседателот на Собранието.
Според агендата, сепак очекува оваа седница да се одржи на 3 јануари кога ќе се прогласи дека премиерот дал оставка и целата Влада е во оставка и истиот ден да даде предлог за технички премиер, а опозицијата да даде имиња за технички министри за внатрешни работи и труд и социјала и тројца заменик-министри според договорот од Пржино.
Што се однесува до законите за кои премиерот Заев побара да бидат донесени итно, Џафери информира дека власта и опозицијата се усогласени и дека овие 40 закони, кои се од областа на финансиите, здравството и социјалата, ќе бидат донесени по скратени процедури за да може да важат од 1 јануари 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Делови од четири скопски општини денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Кисела Вода;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Карпош;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Бутел;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Центар.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.

