Македонија
Џафери до Димовски: Наместо да се смееш, кажи му на координаторот дека не може да бара продолжение
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, одби да ја продолжи денешната седница на која се расправа за уставните измени и по 18 часот. Предлогот го достави координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, со образложение дека дебатата е значајна.
„Илија (Димовски) се смееш, но на координаторот да му кажеш дека пратеник не може да бара продолжение на времето на седницата. 20 пратеници може да бараат итна седница, 30 може за пристапување на уставните измени… но, индивидуално пратеник не може да бара продолжување на работното време на Собранието. Претседателот одлучува според Деловникот“, рече Џафери.
Претходно, тој го одби барањето на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се обрати од собраниската говорница бидејќи не е пратеник, а собраниските служби го вратиле барањето со образложение дека е адресирано до господин Џафери, а не до претседателот на Собранието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

