Македонија
Џафери закажал седница за 21 часот

Собранието на РМ вечерва сепак ќе ја одржи седницата за уставните измени, дознава „Макфакс“ од неофицијални извори.
Според овие избори, претседателот на Собранието, Талат Џафери, седницата ја закажал за 21 часот.
Претходно, од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека не добиле никакво известување од собранискиот спикер и дека денешната седница ја сметаат завршена бидејќи, како што велат оттаму, според Деловникот, седница трае од 11 до 18 часот, освен ако со писмо претседателот на Собранието не одлучи поинаку.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Николоски – Палминтери: Пријателските односи меѓу Македонија и Италија се потврдени, потребно е унапредување на економската соработка

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Италија, Паоло Палминтери.
На средбата Николоски го запозна амбасадорот Палминтери со развојната програма на Владата и инвестициите во инфраструктурата. Се отворија прашања за меѓусебна соработка и подршка во делот на реализација на инфраструктурните проекти.
Исто така на средбата беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот. Николоски ја потврди добрата соработка со Италија и ја потеницра потребата од унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка.
Тој го запозна амбасадорот и за реформскиот процес на земјата како дел од интеграциите и членството во Европската Унија.
Изрази благодарност за досегашната соработка и подршката што ја овозможува Италија, а двајцата говорници се согласија на интензивирање на таквата соработка меѓу двете земји.
Македонија
Мицкоски: Отворен регионален стационар за згрижување бездомни миленици во Кавадарци

Добро е кога се гради, затоа што многу работи треба да се изградат, да се завршат, да се обноват. Едноставно тука ја добивме довербата кај граѓаните и не смееме по ниту една цена да ја прокоцкаме таа доверба.
Ние како влада и јас лично ќе дадам сѐ што е возможно и сѐ што е во наша моќ да реализираме што е можно повеќе проекти, коишто ќе додадат вредност во животот на граѓаните на целата територија на државата, без разлика дали општината има градоначалник од владината коалиција, од ВМРО-ДПМНЕ, од ВРЕДИ, од ЗНАМ или пак е од опозициската СДСМ или пак од Демократската унија за интеграција или пак е независен, рече премиерот Христијан Мицкоски од Кавадарци.
„Дозволете ми да споделам со вас една убава вест, а тоа е дека, ме информираше министерот за локална самоуправа дека заклучно со денеска, практично бидејќи имаше неколку денови оставени за по пошта да стигнат проекти, сите општини, 80 општини поднесоа апликации за реализација на проекти од вториот повик.
И можам да кажам дека сега имаме близу 900-тини само од вториот проект. Или кога ќе се соберат од првиот и вториот повик заедно, тогаш ќе имаме вкупно 1.200. Тоа се 1.200 градилишта во Македонија. Тоа е историска, би рекол вековна работа. И тоа го правиме за идните генерации, но и за денешните генерации кои што заслужуваат подобри услови за живот“, кажа Мицкоски.
Македонија
Мицкоски: Јавниот и државниот долг најниски во последните 5 години

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на нивото на јавниот и на државниот долг и очекувањата да продолжи нивното намалување, изјави:
„Да, очекувам. Инаку, имаме ниво на јавен и државен долг во однос на домашниот бруто-производ кој е најнизок во последните пет години. Односно, јавниот долг е некаде околу 57,7% од домашниот бруто-производ, а државниот е 50,1 %. Како Влада имаме јасна стратегија – до крајот на мандатот овие параметри да ги сведеме на следниве бројки и тоа јавниот да биде под 55 %, зошто да не и под 50 %, а државниот да биде под 45 %, зошто да не и под 40 %.
Но, она што за мене е исто така важно е номиналниот домашниот бруто-производ да биде 20 милијарди долари. Сега сме некаде на ниво од 17 милијарди долари за 2025 година. До крајот на овој мандат очекувам Владата да ги исполни овие три стратешки цели во делот на макроекономските показатели и мислам дека тоа ќе се случи. Да не речам сигурен сум, бидејќи, како што кажав, во месеците што следуваат ќе објавиме многу убави вести за македонската економија и за македонските граѓани“, рече Мицкоски.