Македонија
Џафери: Ќе бидеме во постојано заседание до распуштање на Собранието

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, даде пауза од еден час по што собраниската дискусија по предлот-законот за ЈО ќе продолжи. Тој посочи дека од продлжението законодавниот дом ќе биде во постојано заседание сè до распуштањето в недела, што практично би значело дека пратениците ќе работат 24/7.
„Ве информирам дека ќе продожиме со работа и по 18 часот, што значи дека од овој момент, по продолжението во 18 часот, ќе бидеме во постојано заседание до распуштање на Собранието“, рече Џафери, на што некои од пратениците се смееја.
Претседателот Џафери повика сите пратеници да бидат во салата на продолжението од седницата бидејќи претходно половина од нив не беа внатре.
„Пауза до 19 часот, а потоа ги замолувам координаторите, фејсбук-мајсторите да бидат овде, а не да шетаат. Да бидат овде, а режијата да си ја прикаже салата, а не да држат предавања на ‘Фејсбук’. Овде да дојдат на постојано заседание од 19 часот“, додаде Џафери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Локални врнежи од дожд ќе има од четврток, а поради продор на постудена воздушна маса од север во недела на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.
Македонија
Без вода дел од „Киро Глигоров“, „Индустриска“ и околните објекти

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека поради изведување на водоводен приклучок од Ф500мм на ул.7,2 во Јазол 1 на булевар Киро Глигоров бб, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од булевар Киро Глигоров и Индустриска и околните објекти (ф-ми МЕРЦЕДЕС, СЛАВИЈА, ФОН факултетот и др.)
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување.
Македонија
Без струја дел од Кисела Вода и Ѓорче Петров

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата Димо Хаџи Димов – зграда број 105А и зграда број 116 во општина Кисела Вода;
· Во периодот од 09.00 до 15.37 часот, дел од корисниците во Волково улица 101, 102, 103, општина Ѓорче Петров.