Македонија
Џафери – Која: Носењето реформски закони е приоритет во работата на Собранието

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која.
Како што информираат од кабинетот на Џафери, тој потенцирал дека високо ја цени улогата на ОБСЕ во развојот на демократските процеси во земјата, како и континуираната соработка на Собранието.
„Парламентарното собрание на ОБСЕ, во кое активно учествува Собранието на Република Северна Македонија, претставува витална врска меѓу организацијата и пратениците, кои се директно избрани од граѓаните“, посочил Џафери.
Амбасадорот Која му го честитал на Џафери повторниот избор за претседател на Собранието и нагласил дека Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи да соработува со законодавниот дом во спроведувањето на реформските процеси.
На средбата се разговарало и за приоритетите во работата на Собранието, односно потребата од донесување реформски закони во пресрет на меѓувладината конференција за почнување преговори за членство во ЕУ, потребата за повторно разгледување на законот против дискриминација, за потврдување на одлуките за вонредна состојба и за измени на Деловникот во согласност со договореното преку дијалогот „Жан Моне“.
Соговорниците ја споменале и неопходноста од овозможување алтернативно работење на Собранието во услови на пандемија или други непредвидливи состојби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Обезбедени 13,7 милиони евра за заостанати обврски, започна модернизација на Армијата

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ за време на своето седумгодишно владеење не само што била неспособна да реализира големи проекти, туку и редовните обврски кон вработените во Армијата и Министерството за одбрана биле системски занемарени. Според партијата, СДСМ со години не исплаќала надоместоци предвидени со закон, што резултирало со бројни тужби.
Со преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ обезбедила 13,7 милиони евра за исплата на заостанатите обврски, вклучително и регрес за годишен одмор. Ќе бидат наградени 436 војници кои се бореле со пожарите минатото лето. За модернизација на Армијата годинава се одвоени 106 милиони евра, што е за 18 милиони повеќе од лани. Донесен е и нов Закон за вработените во Министерството за одбрана со цел подобрување на нивниот статус и мотивираност.
Македонија
И денес температури до 40 степени, од среда заладување и ветер

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, јавува УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена нестабилна облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.
До вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40°C. Локална појава на нестабилност ќе има и во првите два дена од следната седмица, кога ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура, а претежно во северните делови во среда ќе има локални врнежи од дожд.
Македонија
ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од РЦУК Македонски Брод претходно стигна информација дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката „Сувенир“, а опожарен е магацин со хемикалии. Во информацијата беше наведено дека електричната енергија во фабриката е исклучена.