Македонија
Џафери на виртуелен состанок со претседателите на парламенти на земјите членки на ЕУ
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска учествуваше на конференција на претседатели на парламенти на земјите членки на ЕУ, во организација на Бундестагот на Сојузна Република Германија, која поради пандемијата предизвикана од коронавирусо, се одржа во виртуелен формат.
На конференцијата учествуваа 33 претседатели од националните парламенти на земјите членки на ЕУ, 3 претседатели од земјите кандидати за членство, од Европскиот парламент и 3 претседатели од европските земји што не се членки на ЕУ како набљудувачи.
Конференцијата ја отвори претседателот на Бундестагот, Волфганг Шојбле, кој повика на заштита на претставничката демократија, на заштита против дискриминација и против говор на омраза на социјалните мрежи и за таа цел побара регулирање на работата на големите интернет-гиганти, каде што често се пласираат лажни вести и тие им штетат на нашите општества. Во рамките на дебатата претседателите на парламентите дискутираа за придобивките и предизвиците од дигитализацијата и користењето на вештачката интелигенција и потребата од соодветна регулација на новите модели за комуникација на национални и на европско ниво.
„Дигиталниот простор нуди нецензуриран простор за искажување на мислења водејќи сметка за слободата на говор, меѓутоа во исто време е и плодна почва за ширење говор на омраза, на лажни вести, со цел креирање погрешни и лажни слики за конкретни прашања и манипулирање со размислувањето на лицата што се подложни на влијанија, кои не проверуваат факти и извори на вести и веруваат на сѐ што е сервирано на нет и со тоа стануваат дел од деструктивни и манипулаторски дејства и сили што имаат матни и нејасни заднини. Спречувањето на овие негативни појави е обврска на надлежните национални органи, секако, во тесна соработка со меѓународните органи“, истакна Џафери.
Општ заклучок беше дека дигиталните алатки се корисни за поголема вклученост на граѓаните во процесот на одлучување и за поголема демократизација на општеството, но тие треба внимателно да се користат и да се осигури дека секој граѓанин има пристап до интернет и до користењето на овие алатки. Од друга страна, беа нотирани опасностите од користењето на социјалните мрежи и нивната недоволна регулираност како другите медиуми, што само по себе отвора можност за пласирање лажни вести, кои често се користат за нарушување на демократските процеси и изборните резултати, информираат од кабинетот на Џафери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

