Македонија
Џафери: На господин Џафери, ВМРО-ДПМНЕ може да му пушти писмо во село Форина

Вака претседателот на Собранието одговори на координаторот на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, кој сакаше да го прочита писмото што партијата го испрати до законодавниот дом со барање Христијан Мицкоски да говори на седницата за уставни измени.
„Јас на никого не сум пратил покана, нема основ по кој да го поканам Мицкоски да учествува во работата“, рече Џафери.
Данев, пак, тврди дека со оглед на ситуацијата, треба да се овозможи Мицкоски да се обрати од Собранието.
„Студентските лидери во 96-та година се обратија“, рече Данев, на што Џафери повторно одговори дека Деловникот не дозволува.
Неофицијално, една од причините поради кои барањето било вратено од архивата во Собранието е затоа што било адресирано до господин Џафери, наместо до претседателот на Собранието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Перински во Чаир: Заедно продолжуваме да градиме мултиетничка хармонија и решенија за сите предизвици

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со неговиот заменик, Ерџан Селими, денеска ја посетија скопската Општина Чаир, како дел од теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“.
На работната средба со градоначалникот Висар Ганиу и членовите на општинскиот Совет, разговараа за актуелниот процес за измени на Законот за локална самоуправа, дискутираа за децентрализацијата, како и за можностите за надминување на одредени проблеми со кои се соочува Општината поради игнорантскиот однос на Град Скопје и за евентуалните измени на Законот за Град Скопје. Од Општината информираа и за тековните проекти кои ги реализираат, како и за подготвеноста за учество на вториот јавен повик за финансиска поддршка на инфраструктурни проекти, кои ќе се финансираат од државниот буџет.
Министерот Перински истакна дека Општина Чаир е една од важните симболи на мултиетничката и мултикултурната традиција во Скопје, а истовремено специфична и по други околности.
„Општина Чаир брои 63.000 жители, а се простира на само 3,5 квадратни километри, што значи многу жители на мала територија, што само по себе е предизвик да се испочитуваат потребите на граѓаните во целост. Ние како Министерство и како Влада, продолжуваме да работиме заедно со општините на создавање услови за подобар живот за сите наши граѓани, без разлика на нивната етничка или верска припадност. Најважно од се е да ги решаваме предизвиците кои ги наметнува урбаното живеење, да ги слушнеме потребите на граѓаните и да инвестираме за да се надминат сите предизвици“, изјави министерот Перински.
Градоначалникот Ганиу изрази благодарност за транспарентноста, кооперативноста и континуираната соработка од страна на Министерството за локална самоуправа, како и за финансиската поддршка на Владата за реализација на инфраструктурни општински проекти.
„Периодов имавме многу средби на кои дебатиравме за измените на Законот за локална самоуправа и верувам дека заеднички ќе создадеме Закон кој ќе овозможи пофункционални општини, за доброто на граѓаните. Соработуваме и по основ на јавните повици за финансиска поддршка на општински проекти. Веќе 100 отсто ни се исплатени средствата за проектите од првиот повик, а се подготвуваме да аплицираме со 25 проекти на вториот повик. Оваа Влада со дела покажа дека не ги дели општините по ниту еден основ, туку искрено е фокусирана на надминување на предизвиците со кои се соочуваат општините и граѓаните со желба за поголем развој и напредок на сите локални самоуправи“, истакна градоначалникот Ганиу.
Посетата на министерот Перински на општина Чаир продолжува утре со средба со сите заинтересирани граѓани, претставници на невладини организации, спортски и културни работници, кои сакаат да дадат свои предлози и сугестии во насока на поголем напредок на Општината. Средбата ќе се одржи во 18.30 часот во ОУ „Исмаил Ќемали“.
Македонија
Мицкоски најави реконструкција на болницата „8-ми септември“ и нова административна зграда на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“

Реконструкција на ЈЗУ Градска општа болница „8-ми септември“ и реконструкција и нова административна зграда на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, најави премиерот на Македонија Христијан Мицкоски на својот профил на „Фејсбук“.
Од Министерството за здравство неодамна најавија дека „8 Септември“ ќе стане регионален центар за лекување на пациенти од Скопје, Куманово и Велес.
Скопје
Во текот на една недела санкционирани 149 непрописно паркирани возила во Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 17.02. до 23.02.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 149 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците“, велат од ЈП Паркинзи.