Македонија
Џафери на средба со новиот амбасадор на Австралија во Република Северна Македонија
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денес оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Австралија во Република Северна Македонија со седиште во Белград, Н.Е. Даниел Џозеф Емери.
Посакувајќи му срдечно добредојде, претседателот Џафери изрази надеж дека меѓусебната соработка, која поради пандемијата не може да се реализира со средби со физичко присуство на претставниците од двете држави, во иднина ќе почне да бележи на интензитет. Истовремено, го информираше амбасадорот за интересот на пратениците од Собранието за остварување поблиска соработка со нивните австралиски колеги, изразен преку континуирано формирање на пратеничка група за соработка со австралискиот парламент во секој пратенички мандат, со очекување дека повторно ќе се формира засебна мрежа за соработка со нашата земја во нивниот парламент, како што било и во минатото, со оглед на фактот што во моментов земјата е во мрежата за соработка со земјите од Југоисточна Европа.
Амбасадорот Емери се заблагодари на можноста за остварување на средбата, оценувајќи ги меѓусебните односи како блиски, топли и пријателски, со еден значаен елемент на парламентарната дипломатија и меѓупарламентарната соработка. Тој ја изрази целосната австралиска поддршка за реализацијата на стратешките цели на Република Северна Македонија – сегашното членство во НАТО и постигнатиот напредок за добивање датум за преговори за членство во ЕУ, со очекување дека актуелните пречки ќе бидат наскоро надминати. Улогата на Собранието и пратениците во текот на преговорите за членство во ЕУ ја оцени како клучна, особено поради обемот на бараното законодавство кое треба да помине низ собраниска постапка во текот на овој процес.
Двајцата соговорници констатираа дека соработката има потенцијал за поголем обем во доменот на одбраната, туризмот и образованието и ја поздравија досегашната соработка во рамките на меѓународните организации. Истовремено, се согласија дека дијаспората, како една од побројните во Австралија, може да послужи како мост за позајакнато поврзување меѓу двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

