Македонија
Џафери: Не сум човек што работи под ултиматум

Не сум човек што работи под ултиматуми, ако некој каже – ќе го направам ова ако постапите вака или онака, изјави на прес-конференција техничкиот премиер Талат Џафери одговарајќи на новинарски прашања во однос на неодамнешната изјава на министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, дека доколку не се деблокира пакетот закони за МИОА, ќе даде оставка.
„Јас во принцип не работам така, не ми е својствено да прифаќам ултиматум. Секој има своја слобода, како ќе цени дека треба да постапи, нека постапува, а за последиците нека си мислат субјектите од каде што доаѓаат и од каде што добиле доминација, без оглед кој од каде доаѓа. Тоа е ставот. Јас хипотетички нема да зборувам во смисла што ќе се случи и што ако би се случило. Оставам на конкретна состојба како и да се случуваат работите така и да се изнајдат решенијата за нивно надминување“, рече Џафери.
Џафери уверува и дека без оглед колку ќе трае оваа влада, во ниеден миг нема да отсуствуваат редовното функционирање и инклузивната соработка во работата обезбедувајќи секој сегмент во министерствата да биде транспарентен, ефикасен, отчетен и во служба на граѓаните.
„Ние сме сите таму благодарение на вас, штитење на вашите интереси и создавање услови за вашата благосостојба, како и напредокот и чувањето на достоинството на Северна Македонија. Изразив задоволство за должноста, Владата што ќе ја водам јас се обврзува да продолжи целосно ефикасно со спреведување на прифатените политики. Примарната задача на оваа Влада е обезбедување фер избори“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за да не се дозволи на огнот да тргне кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата., информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Како што додаде, постојат сомненија дека пожарот бил предизвикан намерно.
„Ќе потсетам само дека летово имавме рекордно високи температури но Дрисла не се самозапали“, рече Ангелов.
Противпожарните возила и дополнителните цистерни од „Комунална хигиена“ интервенираат на терен, а пожарот сè уште не е целосно локализиран.
Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски посочи дека станува збор за посериозен пожар од поголеми размери, при што постоела опасност огнот да се прошири.
Македонија
Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во рамки на еднодневната работна посета оствари повеќе средби со високи француски политички претставници, на кои во фокусот на разговорите беа реформската агенда и предлог Резолуцијата на СДСМ, како гаранција за заштита на националните интереси и решение за деблокирање на преговите со ЕУ.
Филипче одржа работна средба со пратеничката и потпретседателка на групата за пријателство Франција – Северна Македонија во француското Собрание, Лилиана Танги, со шефот на Канцеларијата за соседство, проширување и одбрана при Генералниот секретаријат за европски прашања, Жозеф Жустиниани, како и со директорот за Континентална Европа при Министерството за Европа и надворешни работи, Брис Рокфеј и со специјалниот претставник за Балканот, Рене Троказ.
На состаноците беше истакната поддршката од Франција во процесот на евроинтеграција, но и потребата од брзи резултати во исполнување на обврските и работа на реформите.
Филипче ги презентираше позициите на СДСМ и истакна дека партијата има проактивен пристап и работи на решенија за деблокирање на евроинтеграцискиот процес. Тој нагласи дека во завршна фаза е подготовката на Резолуцијата, со која ќе се потврдат националните црвени линии – македонскиот јазик, култура и идентитет, како и механизми за справување со евентуални непринципиелни барања што излегуваат надвор од Преговарачката рамка.
Во разговорите беше потенцирано дека во Европската Унија постои јасен консензус за проширувањето, и дека тоа е можност која Македонија мора да ја искористи. Француските претставници пренесоа очекувања дека нашата земја треба да направи напредок во евроинтеграцискиот процес, како што тоа веќе го прават државите од регионот, особено Албанија и Црна Гора.
Македонија
Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен, а скопската противпожарна бригада работи на негово гаснење.
Сепак, како што објаснува Ангелов, гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови.
(Фото: илустрација, архива)